LOGO - Лого

Мој апел за помош

Неодамна во една статија прочитав дека инвалидитетот во Македонија „несебично“ расте, а веќе постоечките инвалиди интензивно се сместуваат по домовите. Почувствував како по кожата да добивам ихтиоза, а срцето ми стана инертно. Живеев така како скот само неколку денови и сфатив дека станувам интернационална хиеана. Преживеав темна голгота и решив да го спасам светот. Ги прегледав сите медиуми, ги посетив сите куќи, се правев и будала и луда, но имав само една цел, да ја реализирам сопствената идеја.  Да биде денот ден и за непокретните и за болните. Калипсо е убиен си помислив, овие луѓе се слободни како и сите други. Вреди да живеат и да работат. Да се интегрираат во општественото случување и да го заработат својот леб.

Рехабилитација за нивниот физички и умствен свет, тоа е поентата, тоа е нивното единствено недискутабилно право. Оптималното решавање на нивните социјални проблеми соодветно на потценетите можности од страна на државата се ресоцијализацијата и реинтеграцијата за спас на нивниот социјален живот. Утилитаризмот ќе биде и со мене и со нив – си помислив само една вечер. За жал утре го слушнав спротивното, 76% од инвалидизираните лица од своите семејства се пријавени и однесени во домовите. Следната идеја веќе уште повеќе ме зарази да организирам обука на членовите од нивните семејства за нега на инвалид. Замислете успеав преку Невладина организација. Апсурд на нашето постоење, се можело, а не морало. Вративме 18 инвалиди во своите домови.

Сега енигма повеќе нема, сите идиоми во семејствата згаснаа, а инвалидите го добија своето место. И кога сите ние луѓето, за миг би застанале рамо до рамо, та да се погледнеме и запрашаме: Во што ние се разликуваме? - А одговорот е во нас, одговорот е нашиот Бог, идол за Бог не постои, но за човековата внатрешност лик не постои, ние сме тие кои го креираат подоброто утре. Од нас зависи како ќе изгледа нашата иднина и што ќе оставиме во минатото.

Добрината, помошта, подадената рака кон оној кој му е најмногу потребна е исто како подигање споменик на нашиот карактер, кој вечно ќе ги подгрева човековите чувства. А јас, јас сум на мисија, но не ме прашувајте кога таа ќе биде целосно остварена, бидејќи јас сум овде да ја вршам додека постојам, мојата цел секогаш е „крај на почетокот“ така и ќе остане.