LOGO - Лого

 

„Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“

Во заводот „Ранка Милановиќ“ во Скопје се згрижуваат, воспитуваат и образуваат 25 деца кои имаат направено кривични дела, имаат воспитни проблеми или девијации во однесувањето. За нив, светот често пати е осамено место бидејќи ја немаат топлината на домот и родителите и се игнорирани во општеството.

Ресоцијализацијата на штитениците најголем дел од времето се одвива во Заводот и трае од шест месеци до три години. Тие велат дека им треба да бидат прифатени од заедницата и да се дружат со врсници и надвор од институцијата.

Затоа, посетата во овие домови од страна на млади волонтери и нивната помош во воспитувањето и образувањето за штитениците претставува посебно доживување, попратено со многу емоции.

Вниманието кое им се посветува, се врежува во нивните мисли и срца и им дава надеж за подобра иднина во која ќе бидат самостојни, успешни и прифатени.

Насмевката на нивните лица покажува колку им значи посетата и дружењето со нив. Никој не станал сиромашен помагајќи им на другите!