LOGO - Лого

Специјалистичките студии за менаџирање медиуми и мултимедија едуцираат идни менаџери и стручњаци кои ќе умеат да ги разберат и анализираат промените во медиумската индустрија, да ги планираат економските потреби и развојот на медиумот. Идните медиумски менаџери ќе бидат подготвувани и за деловни потфати во новите медиуми и во продукцијата на мултимедијални содржини.

• Студиите се први и единствени во Македонија од областа на менаџмент на медиумите и мултимедија.

• Студиските програми се реализираат во рамки на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање, формирана при Високата школа, што гарантираат висок квалитет и стандарди во образованието.

• Студирате според меѓународни стандарди и практики во образованието. Студиите ги реализираат професори од државата и странство, а за првпат се воведува и системот за учење од далечина. Наставните програми се креирани во соработка со професори и експерти од Факултетот за медиуми на Универзитетот Виндесхеим во Холандија, Данската школа за медиуми и новинарство и Универзитетот од Кардиф во Велика Британија.

• Наставната програма претставува спој на најмодерните теории за стратегиско управување и на ефективните начини за функционирање на медиумите, како одговор на предизвиците со кои се соочува оваа индустрија.

 

nastavna-programa-tab

 

  • Преку студиите стекнувате вештини за управување и лидерство во медиумската индустрија и за спојување на креативноста и иновативноста во креирањето медиумски содржини;

 

  • Преку следење на светските трендови и технолошки иновации ќе дознаете како тие влијаат врз секојдневните практики во медиумската индустрија и ќе научите како континуирано да ја унапредувате својата кариера;

 

  • Со изучување на принципите на инклузивно новинарство и на начините на вклучување на граѓаните во медиумското известување ќе се афирмирате како одговорни и етички лидери во професијата;

Наставата е логичен баланс на теорија и пракса фокусирана на современите трендови во медиумите и медиумскиот пазар. Со работа на студии на случај и проблеми од праксата, се поттикнува развивањето на аналитичките способности и носењето одлуки во улога на раководители на успешни и профитабилни медиумски организации, нудејќи квалитетна програма и професионална продукција.

Дел од наставните предмети ќе се реализираат според методологијата на „учење од далечина“ со професори од странство преку развиена веб платформа на Високата школа.


Студиите се организирани според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во една академска година или два семестри. По завршувањето на специјалистичките студии, добивате 60 ЕКТС и диплома со стекнат назив „специјалист за менаџирање на медиуми и мултимедија“.