LOGO - Лого

И ти си одговорен. Вклучи се и помогни!

Ернест Хемигвеј рече: ”No man is an island,entire of itself. Every man is a piece of the continent,a part of the main”. Сите ние сме дел од заедницата. Денес како средношколци, утре како целосно оформени личности со уште поголемо влијание врз условите во кои живееме.

Но, тоа не значи дека сега немаме никаква одговорност кон заедницата. Токму младите се оние кои што треба и мора да бидат двигател на промените. Промени кои ќе им го подобрат и олеснат животот на сите луѓе, а посебно на оние кои се на маргините на опшеството. Тука, пред се, мислам на сиромашните, децата без родители, старите лица, како и лицата со инвалидитет. Државата има должност да се грижи за овие луѓе и да ги употреби сите свои инструменти, но кога гледаме дека тоа не е доволно треба и ние како припадници на заедницата да преземеме нешто.

Можеби,ние како средношколци мислиме дека немаме влијание врз животот во опшеството, што е многу погрешно. Малку е потребно да се помогне на ранливите групи. Некогаш, самото наше пристуство е доволно. Посетете некој од домовите за деца без родители и поиграјте си со нив. Сигурно ќе им го разубавите денот и ќе почувствуваат дека и тие се дел од заедницата. Отидете на гости кај вашиот сосед кој е човек во години и се би дал да има со кого да размени некој збор. Сигурно ќе научите нешто од животните искуства кои ќе ги сподели со вас. Сеуште мислите дека нема начин да помогнете? Јас го сменив мислењето откако се запишав во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин. Моето училиште постојано организира хуманитарни акции во соработка со Црвениот крст на Град Скопје. Сите ученици се вклучени на различен начин. Најдиректно се вклучени волонтерите кои со помош од професорите ги спроведуваат акциите. На овој начин најмногу им се помага на сиромашните со парични средства, како и на инвалидизираните лица со разни помагала кои ним им се потребни.

Станете и Вие волонтер! Ќе ви одземе малку од слободното време,а вашиот придонес ќе биде огромен. Бидете сигурни, барем еден живот ќе биде разубавен благодарение на Вас. Тоа е доволен мотив да се вклучите и да помогнете!
И не се прашувајте за кого бијат камбаните. Тие бијат за мене,за тебе... Тие бијат за СИТЕ НАС!