LOGO - Лого

 

Основачкото собрание на Здружението за односи со јавноста на Македонија (ЗОЈМ) ќе се одржи на 3 декември (сабота) во 12 часот на Скопски саем.

На Основачкото собрание треба:

 

Седницата на Основачкото собрание ќе се спроведе согласно Правилникот за Основачко собрание на ЗОЈМ, усвоен од Иницијативниот одбор. Можност да одлучуваат, избираат и да бидат избрани ќе имаат само членовите на Основачкото собранието.


КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ И ДА ОДЛУЧУВАТЕ?

Членовите на Основачкото собрание се и основачи на здружението. По завршување на Основачкото собрание, основачите стануваат членови на здружението без никакви привилегии и со исти права и должности како и секој  друг член на здружението.

За да станете член на Основачкото собрание треба:

  • да делувате во областа на односите со јавноста;
  • да испратите пристапница за зачленување до Верификационата комисија најдоцна до 25 ноември (петок);
  • да уплатите годишна членарина од 1.000 денари на времената сметка на здружението најдоцна до 27 ноември (недела).


Пристапницата за зачленување заедно со Вашето CV испратете ги во скениранa форма на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или доставете ги во печатена форма во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (ул. „Јуриј Гагарин“ 17/1-1, нас. Капиштец, до Министерството за економија).

Податоци за уплата на членарина:

Примач: ЗОЈМ наменска сметка

Жиро сметка: 210060276520202

Депонент: НЛБ Тутунска банка

Цел на дознака: Членарина за 2012


Верификационата комисија, назначена од Иницијативниот одбор за основање на здружението, ќе утврди дали пријавените ги исполнуваат условите да станат членови согласно пристигнатите пристапници, биографии и уплати за членарина и доколку ги исполнуваат, ќе го верификуваат нивното членство на Основачкото собрание. Верификационата комисија ќе го достави списокот на членови на денот на одржувањето на Основачкото собрание и единствено тие ќе имаат право да одлучуваат на Собранието.

КАКО ДА СЕ КАНДИДИРАТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ИЛИ ЗА ЧЛЕН НА ОРГАНИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО?

Кандидат за избор во органите на ЗОЈМ може да биде секој член на Основачкото собрание на здружението кој ги исполнува условите и критериумите пропишани со Предлог Статутот на ЗОЈМ и со Правилникот за избор на органи на ЗОЈМ.

Комисијата за избори, назначена од Иницијативниот одбор за основање на здружението, утврдува дали предлозите за кандидати се поднесени во утврдениот рок и се составени согласно Предлог Статутот на ЗОЈМ и Правилникот за избор на органи на ЗОЈМ. Ако Комисијата за избори утврди дека се направени одделни пропусти или неправилности, ќе ги повика подносителите на предлозите веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа да ги отстранат констатираните пропусти или неправилности. Врз основа на пристигнатите пријави, Комисијата ќе ги направи подготовките и ќе ги води изборите, што ќе се одржат на денот на Основачкото собрание.

Критериуми за избор на претседател на ЗОЈМ

За да се кандидирате за претседател на ЗОЈМ треба:

  • да поднесете образец за кандидатура до Комисијата за избор, најдоцна до 27 ноември (недела);
  • да имате завршено најмалку високо образование;
  • да имате најмалку 5 години искуство во областа на односи со јавноста;
  • актуелно да сте ангажирани во професијата;
  • да имате собрано најмалку 10 потписи за поддршка од членовите присутни на иницијативниот состанок одржан на 15 април 2011 на Скопски саем;
  • да имате потпишано изјава за подготвеност за лично ангажирање за активно работење и делување во здружението
  • да доставите предлог за сопствен придонес во Здружението;
  • да приложите персонално резиме (CV).

Критериуми за избор на потпретседател на ЗОЈМ

За да се кандидирате за потпретседател на ЗОЈМ треба:

  • да поднесете образец за кандидатура до Комисијата за избор, најдоцна до 27 ноември (недела); 
  • да имате завршено најмалку високо образование;
  • да имате најмалку 5 години искуство во областа на односи со јавноста;
  • актуелно да сте ангажирани во професијата;
  • да имате собрано најмалку 10 потписи за поддршка од членовите присутни на иницијативниот состанок одржан на 15 април 2011 на Скопски саем;
  • да имате потпишано изјава за подготвеност за лично ангажирање за активно работење и делување во здружението;
  • да доставите предлог за сопствен придонес во Здружението;
  • да приложите персонално резиме (CV).

Критериуми за избор на член на Управен одбор на ЗОЈМ

За да се кандидирате за член на Управен одбор на ЗОЈМ треба:

  • да поднесете образец за кандидатура или да бидете предложен од најмалку пет членови на Иницијативниот одбор до Комисијата за избор, најдоцна до 27 ноември (недела); 
  • да потпишете изјава за подготвеност дека активно ќе учествувате во работата на Управниот одбор и
  • да доставите предлог за сопствен придонес во Здружението.

Критериуми за избор на член на Надзорен одбор на ЗОЈМ

За да се кандидирате за член на Надзорен одбор на ЗОЈМ треба:

  • да поднесете образец за кандидатура или да бидете предложен од најмалку пет членови на Иницијативниот одбор до Комисијата за избор, најдоцна до 27 ноември (недела);
  • да потпишете изјава за подготвеност дека активно ќе учествувате во работата на Управниот одбор и
  • да доставите предлог за сопствен придонес во Здружението.

Образецот за кандидатура и листата на присутни на иницијативниот состанок од 15 април на Скопскиот саем заедно со Вашето CV, писмена изјава за подготвеност за ангажирање и предлогот за сопствен придонес испратете ги во скенирана форма на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или доставете ги во печатена форма во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (ул. „Јуриј Гагарин“ 17/1-1, нас. Капиштец, до Министерството за економија).

КАКО ЌЕ СЕ ИЗБИРА?

Изборот на претседател, потпретседател, членови на Управен одбор и на Надзорен одбор се врши за мандат од три години. Изборот се врши со тајно гласање, а постапката ја води Комисијата за избори. Гласањето се врши со гласачки ливчиња со заокружување на еден реден број пред името и презимето на верификуваните кандидати. По утврдувањето на резултатите од гласањето, Комисијата за избори ги објавува бројот на добиени гласови на секој од кандидатите поодделно, како и резултатот од гласањето.

Избор на претседател

За претседател е избран кандидатот кој добил повеќе од половина гласови од присутните членови на Собранието, а не помалку од 30 проценти од вкупниот број на членови на Собранието. Ако во првиот круг ниту еден од кандидатите за претседател не го добие потребниот број гласови, во вториот круг влегуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Во вториот круг за избран се смета кандидатот кој добил мнозинство гласови од членовите кои гласале.

Избор на потпретседател

За потпретседател е избран кандидатот кој добил повеќе од половина гласови од присутните членови на Собранието, а не помалку од 30 проценти од вкупниот број на членови на Собранието. Ако во првиот круг ниту еден од кандидатите за Потпретседател не го добие потребниот број гласови, во вториот круг влегуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Во вториот круг за избран се смета кандидатот кој добил мнозинство гласови од членовите кои гласале.

Избор на член на Управен одбор

За избрани се сметаат оние кандидати кои добиле најмногу гласови од членовите на Собранието. Доколку не се изберат онолку членови колку што брои Управниот одбор, постапката за избор на непополнетите места во Управниот одбор се повторува. Доколку два или повеќе кандидати добиле еднаков број на гласови, се спроведува втор круг на гласање на истата седница на Собранието. Доколку и по вториот круг на гласање два или повеќе кандидати добиле еднаков број гласови, мандатот се доделува со ждребување.

Избор на член на Надзорен одбор

За избрани се сметаат оние кандидати кои добиле најмногу гласови од членовите на Собранието. Доколку не се изберат онолку членови колку што брои Надзорниот одбор, постапката за избор на непополнетите места во Надзорниот одбор се повторува. Доколку два или повеќе кандидати добиле еднаков број на гласови, се спроведува втор круг на гласање на истата седница на Собранието. Доколку и по вториот круг на гласање два или повеќе кандидати добиле еднаков број гласови, мандатот се доделува со ждребување.

КОНТАКТИ

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.; 02 / 30 90 004.