Oколу 80 професионалци за односи со јавноста се согласија дека е неопходно да формираат здружение кое ќе ги подобри професионалните и етичките стандарди во работењето и ќе ја зајакне транспарентноста и отчетноста на компаниите и државните институции.
На иницијатива на Високата школа, на денешната средба се формираше одбор што ќе го основа првото здружение за стручњаци за корпоративни комуникации и односи со јавноста во Македонија.
Здружението ќе работи на тоа да се зголеми свеста дека е нужно да се комуницира со јавноста, да се подобри соработката со медиумите, да се стандардизира и промовира професијата и да се поттикне соработката меѓу професионалците од оваа област во Македонија и во регионот.
На средбата се претставија тековните проблеми и предизвици на професијата, стратешките точки со кои ќе се занимава здружението и се презентираше компаративна анализа за работењето на здруженијата во регионот.