This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. магистрирал во 2003 година на Економскиот факултет во Скопје на студиумот по маркетинг на тема „Маркетинг политика на цените во телекомуникациската индустрија“, а докторирал во 2008 година на Економскиот факултет во Подгорица на тема „Корпоративно управување – информациски системи и интеграција на деловни процеси”.
Во текот на својата кариера објавил бројни трудови од областа на маркетинг и менаџмент и учествувал во многу истражувања во истите области.
Во 2009 година избран е за насловен доцент во научната област на маркетинг и организациски науки на Факултетот за бизнис администрација на New York Универзитетот Скопје.
Моментално работи како директор на областа за комуникација на ниво на Групација Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
Исто така често е поканет како гостин говорник на различни меѓународни програми за професионален развој и е ангажиран како консултант во различни сегменти од деловното работење.
Член e на Oдборот за меѓународни комуникации на Deutsche Telekom, претседател е на Институтот за развој на менаџментот и маркетингот во РМ и е потпретседател на Европското движење на Република Македонија.