Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Студиска програма
Односи со јавноста

Предметот им овозможува на идните новинари да стекнат знаења, разбирања и способности за законското опкружување во кое работат и за нивната одговорност во поглед на почитувањето на другите човекови права. Секоја новинар треба да ги знае своите права: кои аспекти ги опфаќа слободата на изразувањето, што значи таа за новинарите, колку далеку може да оди новинарот во пишувањето на една приказна без да го прекрши законот, како да препознае што е јавниот интерес во некоја приказна и сл. Второ, новинарот треба да ги знае законските ограничувања и да ги препознае проблематичните точки во еден текст од аспект на неговата потенцијална законска одговорност. Притоа, не е доволно само да се знаат законите, туку треба да знаат како да ги применуваат законите во реални ситуации.

Знаења и вештини

Предметот им овозможува на студентите:

  • да стекнат знаење и разбирање за основните концепти на европската политика и регулатива во медиумската област и за основните меѓународни стандарди вградени во националното законодавство;
  • да ги читаат и толкуваат законските одредби што се поврзани со работата на медиумите и новинарите и да ја анализираат нивната примена во практиката;
  • да ги разбираат различните аспекти на балансирање на слободата на изразувањето со другите човекови права (заштитата на приватноста, човечкото достоинство, личните податоци, правото на правично судење и др.) и да бидат критични кон сопствената и кон работата на другите новинари;
  • да го зајакне професионалниот идентитет и свеста на студентите за вредностите, целите и улогата на независното новинарство во демократското општество


Факти за предметот

Траење: еден семестар (септември – јануари)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература


Снежана Трпевска, „Слобода на изразување, јавен интерес и медиумска регулација“, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Едиција ExLibris, 2011

Предавач:

trpevskaд-р Снежана Трпевска