Предметот е насочен кон оспособување на студентите за користење на резултатите од маркетиншките истражувања, бидејќи идните стручњаци за корпоративно комуницирање и за односи со јавноста во праксата најчесто ќе се среќаваат со резултати од вакви истражувања. Главен нагласок ќе биде ставен на тоа како да се осмисли и да се спроведе еден маркетиншки истражувачки проект и како да се користат резултатите од истражу¬вањата, како основа за донесување одлуки во маркетингот.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
- да стекнат знаења за целта и карактерот на истражувањата на пазарот, за клучните методи за собирање и анализа на податоците што најчесто се користат во истражувањата на пазарот;
- да умеат да толкуваат податоци од реализирани маркетиншки истражувања, да умеат да изработат барање за нарачка на истражување и предлог за спроведување на истражување од помал обем;
- да можат да изработат план за помало истражување и нацрти за истражувачки инструменти што најчесто се користат во истражувањата на пазарот;
- самостојно да реализираат истражувања од мал обем (деск истражување, квалитативно интервју, анализа на секундарни податоци);
- да стекнат базични способности за интерпретација и презентирање на резултати од истражувања.
Факти за предметот
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби, истражување, практични задачи
Литература
Bradley, N., Marketing Research: Tools and Technics, Oxford: Oxford University Press., 2007
Предавач
д-р Љупчо Ефремов