This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. е родена во 1981 година во Скопје. Дипломира на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за англиски јазик и книжевност со француски јазик и книжевност како втор и шпански јазик како трет главен предмет во јуни 2005 година и се стекнува со титулата Дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност со француски јазик и книжевност.
Во февруари 2008 година се стекнува со двојна диплома со титулата Магистер на филолошки науки, насока Јазици, бизнис и меѓународна трговија од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје и Факултетот за книжевности, јазици и лингвистика при францускиот универзитет од Орлеан по комплетирањето на постдипломските студии спроведени во партнерство на обата универзитета.
Во текот на студиите, 2001 година, престојува во Париз, Франција, како асистент во мултинационалната компанија за електроника „Талес“ при што го усовршува знаењето на францускиот јазик; реализира студиски престој во Мадрид, Шпанија на Универзитетот „Антонио де Небриха“ во Мадрид како учесник во летната програма за шпански јазик, современа литература и историја како стипендист на Министерството за надворешни работи на Шпанија; извршува тримесечен професионален престој во Атина, Грција, каде што работи во областа за маркетинг и деловен развој на истражување на македонскиот пазар за потребите на претпријатието-домаќин „Талес“ преку нивната грчка подружница.
Професионално се занимава со превод и толкување од англиски, француски и шпански јазик на македонски и обратно за бројни македонски претпријатија и организации како на пример за Македонски телеком АД – Скопје, Т-Мобиле АД Скопје, Секретаријатот за европски прашања преку стручен превод на законодавството на Европската унија, Академијата за судии и јавни обвинители на Р. Македонија преку симултан превод на бројни семинари и конференции од областа на правото и економијата, Европскиот институт за јавна администрација од Луксембург и многу други проекти организирани во соработка со Европската унија.
Во рамките на Високата школа за новинарство и односи со јавност, агажирана е како предавач по предметот „Анлиски јазик 1 и 2“.