Позитивното позиционирање на компанијата во општеството и нејзината видливост во најголема мера се заслуга на добрите комуникации базирани врз добра стратегија.
МИМ, а сега и Високата школа, успеаја да го направат она што не им појде од рака на другите факултети од ваков вид. Успешно ги соединија теоријата со практиката преку работа на терен.
Едно е сигурно! Односите со јавноста се „модерни“ во Македонија. БУМ-от се случува од срамежливите „франшизни“ почетоци пред десетина години, но особено последниве 4-5 години.
Топло би му ја препорачала оваа школа секому, без разлика дали има искуство или не. Јас имав четиригодишно новинарско искуство кога се запишав во Едногодишната школа за новинарство и мислам дека е тоа моментот кој најмногу придонесе за мојата кариера.