Специјалистичките студии за менаџирање на стратегиските комуникации едуцираат менаџери за корпоративно комуницирање на највисоко ниво кои се истовремено добри стратези, креативни професионалци и флексибилни комуникатори. Идните стручњаци по корпоративни комуникации ќе стекнат способности критички да го анализираат опкружувањето, да ги толкуваат трендовите во комуникациските практики и технологии и ќе имаат високо развиени етички и професионални вредности.

• Студиите се први и единствени во Македонија од областа на менаџмент на стратегиските комуникации.

• Студиите се реализираат во рамки на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање формирана при Високата школа, што гарантираат висок квалитет и стандарди во образованието.

• Студирате според меѓународни стандарди и практики во образованието. Студиите ги реализираат професори од државата и странство, а за првпат се воведува и системот за учење од далечина. Наставните програми се креирани во соработка со професори и експерти од Факултетот за медиуми на Универзитетот Виндесхеим во Холандија, Данската школа за медиуми и новинарство и Универзитетот од Кардиф во Велика Британија.

• Наставната програма претставува спој на најмодерните теории за стратегиско управување со комуникациите и на потребите на приватниот и јавниот сектор за квалификувани специјалисти за корпоративни комуникации и односи со јавноста.

 

nastavna-programa-tab

 

Се оспособувате за...

  • Наставната програма овозможува да бидете флексибилни комуникатори со лидерски вештини и вештини за менаџирање во донесувањето одлуки и решавањето проблеми во една организација;

 

  • Преку примената на креативни и оригинални пристапи во комуникацијата ќе ги следите трендовите во успешното и одржливото комуницирање на организацијата во која ќе дејствувате;

 

  • Познавањето на иновативните комуникациски техники, интегрираниот маркетинг и различните видови медиуми ќе Ви овозможи ефикасно да се приспособите и да правите промени во динамичното окружување во кое ќе дејствувате;

 

  • Наставната програма ќе Ви овозможи да ја градите својата кариера како професионалци со широки аналитички и критички вештини во сферата на стратегиското управување, истовремено поседувајќи способности за преговарање и воспоставување ефикасни односи со различни општествени групи;

 

  • Познавањето на вештините за глобално комуницирање и за интеркултурна комуникација ќе Ве промовира како стручњаци кои придонесуваат кон кохезијата, дијалогот и разбирањето меѓу различните културни и јазични групи во општеството;

Како изгледа наставата?

Наставата е логичен баланс на теорија и пракса фокусирана на современите трендови во областа на корпоративните комуникации и односите со јавноста. Со работа на студии на случај и проблеми од праксата, се поттикнува развивањето на аналитичките способности и носењето одлуки во улога на раководители на успешни и профитабилни организации.

Дел од наставните предмети ќе се реализираат според методологијата на „учење од далечина“ со професори од странство преку развиена веб платформа на Високата школа.

Диплома

Студиите се организирани според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во една академска година или два семестри. По завршувањето на специјалистичките студии, добивате 60 ЕКТС и диплома со стекнат назив „специјалист за менаџирање на стратегиски комуникации“.