Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, пишување на документи за јавни политики и планирање и имплементирање на кампањи од јавен интерес. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра комуникација со целните публики, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.
ИКС организира еднодневна работилница со потенцијални автори на тема „Академско блогирање“ на 28 септември (петок), со почеток од 9:30 часот. Работилницата ќе биде водена од професорка на Универзитетот на Источна Англија (UEA) и домашни експерти, а ќе се фокусира на техники и совети за пишување на академски блогови.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕЕМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.
“Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ е насловот на проектот што Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон ќе го спроведуваат во следните три години, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави документот за јавни политики „Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера“, чија цел е да ја анализира состојбата со етиката во медиумите и новинарството во време кога технологијата има големо влијание врз медиумската сфера. Документот ја анализира европската и македонската регулатива од областа, а се осврнува и на случаи од практиката во Македонија.