Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Предавачи

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. (1981) дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на отсекот за политички студии во група на меѓународни односи. Магистрира на компаративна политика – демократија на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ) во Лондон, Велика Британија. За магистерските студиите добива Чивнинг стипендија од британската влада. Моментално е докторант на Правниот факултет, отсек политички студии каде ја истражува улогата на лидерите во транзиции кон демократија.

По враќањето од Велика Британија, Мангова станува член и истражувач во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“-Скопје (ИДСЦС) каде има менаџирано повеќе проекти, пишувано анализи, документи за јавни политички, извештаи и други истражувања за изборните процеси, добро владеење, јавно мислење, антикорупција и друго во Македонија, како и во регионот. Има учествувано на повеќе научни конференции и објавувано трудови во Македонија, регионот и Велика Британија. Во мај 2014 година, како добитник на стипендијата „Diversity Fellowship” реализирала истражувачки престој во тинк танкот Полиси Нетворк во Лондон, Велика Британија. Таа била координатор за Македонија за меѓународниот научно истражувачки проект „Варијанти на демократија“ (Varieties of Democracy Project) кој ја концептуализира и мери демократија во над 100 земји во светот, а е воден од Гетеборг универзитетот, Универзитот Нотр Дам, Лунд универзитетот и Бостон универзитетот.

Денес ја раководи програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Македонија, каде има работено и во периодот од 2005 до 2009 на програма за истражувања на јавното мислење, политички консалтинг, политички анализи, градење стратегии, обуки и консултации за политички партии во Македонија.

Членка е на Меѓународната асоцијација на политички науки (International Political Science Association). Повремено пишува текстови за меѓународната веб страна Future Challenges, основана од Фондацијата Бертелсман и блогот Democracy Speaks на Меѓународниот републикански институт.

На Високата школа на новинарство и односи со јавноста е ангажирана како предавач по предметот „Политички системи и глобални односи“.