LOGO - Лого

Предметот ги запознава студентите со значењето на комуникациите и односите со јавноста за секоја организација. Вештините, како што се пишување, говорење, презентација и воспоставување корисни врски со публиката, се важни за постигнување успех во комуникацијата, а преку нивното совладување студентот ќе биде подготвен со неопходните способности за својата идна професија.

Знаења и вештини

Предметот им овозможува на студентите:

  • да стекнат знаење за природата и улогата на односите со јавноста, како и за функциите и одговорностите на стручњаците на ова поле
  • да ги совладаат инструментите во односите со јавноста
  • да стекнат основни вештини за пишување и зборување
  • да ги разберат и совладаат основните правила и стандарди за етичко комуницирање во односите со јавноста
  • да стекнат основно знаење и вештини за препознавање на значењето и спецификите на односите со јавноста во различни сфери (како, на пример, образование, спорт, забавна индустрија, јавен сектор, итн.).


Факти за предметот

Траење: еден семестар (септември – јануари)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература

м-р Марина Тунева, Вовед во односите со јавноста, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Едиција ExLibris, 2011

Предавач

М-р Марина Тунева