Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е членка на Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (Global Alliance for Partnership on Media and Information Literacy - GAPMIL), иницирана од УНЕСКО, Алијансата на цивизации при ОН (UNAoC), УНИЦЕФ, Фондацијата Отворено општество, ИРЕКС, Европската Комисија и други агенции при ОН кои здружено работат во остварување на следната цел: промовирање меѓународната соработка преку која ќе им се овозможи на сите граѓани ширум светот да се стекнат со неопходната медиумска и информациска писменост. Овој тип писменоост посебно е насочен кон децата и младите, кои се ставени пред предизвикот и неизбежноста да се здобијат со нови знаења и вештини врзани за употребата на медиуми, информации, нови технологии кои интензивно се развиваат во 21-виот век.

Дополнително, Високата школа од 2013 година е придружна членка на Глобалната мрежа на универзитети за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог иницирана од УНЕСКО и Алијансата на цивилизации при ОН (MILID Network). Оваа мрежа, која е основана во 2010-тата година од осум универзитети од различни континенти, има за цел унапредување на образованието и истражувањата во областа преку креирање стратегии, политики и насоки за практична примена на медимската и информациската писменост на локално, регионално и глобално ниво.