Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Центарот за обука и професионална надградба „Кариера“ при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е основан во 2008 година со цел да им помогне на студентите во нивниот професионален развој, не само за време на студиите, туку и по нивното завршување.

Центарот се грижи да обезбеди:

  • Квалитетна практична настава за студентите;
  • Посета на студентите во медиуми, компании, јавни институции, како и учество на гости предавачи, експерти во областа на медиумите и односите со јавноста;
  • Соработката со медиумите, компаниите, јавните институции и меѓународните организации како значајна алка во поврзувањето на студентите со индустријата и
  • Специјализирани курсеви и обуки од областа на медиумите, корпоративните комуникации и односите со јавноста, како можност за професионална надградба.

Центарот „Кариера“ праксата ја организира за професионално усовршување на знаењето на студентите. Таа се организира во медиумите, компаниите, јавните институции и организации со кои Школата има потпишано меморандум за соработка, но и со институции кои се компатибилни на наставната програма.

На овој начин студентите имаат можност теоретското знаење стекнато на факултетот да го применат во пракса, но и да се стекнат со вештини и техники кои ќе им овозможат полесно да ги совладаат работните задачи.

За време на праксата студентите се под надзор на ментор, кој ја следи нивната работа и ангажираност и им дава фидбек за сработеното.

Тргнувајќи од принципот „учење преку работа“, Високата школа од самото основање се позиционираше како институција која пред се’, на студентите ќе им овозможи искуство да го применат стекнатото знаење во реални услови. Затоа, како дел од наставната програма во сите семестри, студентите имаат обврска да работат за реални клиенти, односно да пишуваат и продуцираат содржини за одредена редакција.

Студентите на насоката за односи со јавност секој семестар имаат т.н. проектна задача која ја изработуваат за одредена компанија, институција, НВО или агенција за односи со јавноста. Оваа задача се состои од изработка на комуникациска стратегија, организирање и промоција на настан, изработка на брошури и слични активности од сферата на односите со јавноста.

Еве некои од проектните задачи:

Во рамки на наставната програма на Високата школа, Центарот „Кариера“ организира посети на студентите во медиуми, институции, организации, а воедно и поканува  и гости предавачи.

Овие посети и гостувања имаат за цел да им помогнат на студентите да ја осознаат наставната материја низ практични примери, реални услови и искуства пренесени од искусни професионалци кои ќе ги воведат и подготват за спецификите на нивната идна професија. Дополнително на овој начин студентите имаат можност да остварат и директен контакт со идните работодавци.

...повеќе...

Центарот Кариера досега има воспоставено соработка со повеќе од 60 медиуми, компании, институции и организации од државата и надвор од неа. Соработката е фокусирана  на активности поврзани со промовирањето и унапредувањето на професионалните стандарди во новинарството, корпоративните комуникации и односите со јавноста...

...повеќе...

Центарот „Кариера“ освен за студентите, нуди можност за професионално усовршување и на лица кои се на почетокот од својата кариера. Центарот организира специјализирани курсеви и обуки кои ги водат докажани домашни и странски експерти во областа на медиумите, комуникациите и односите со јавноста. Курсевите и обуките се дизајнираат според потребите на клиентот. Тежината и спецификите на обуките се  валоризираат преку стекнување одреден број академски кредити (ЕКТС) или сертификати...

...повеќе...

 

Obuki100_09
Prijateli_07
Preporaki_07

Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.