Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Она што студентите го учат за време на студиите имаат можност практично да го применат во редакцијата на дневниот весник „Нова Македонија“ Весникот овозможува директно вклучување на практикантите во процесот на работа, при што студентите обработуваат теми базирани на вистински приказни и истите се објавуваат. Производ од соработката на Високата школа и Нова Македонија е средношколскиот весник „Медиум“, кој излегува како додаток во весникот, а на него работат студентите кои се стипендисти на „Нова Македонија“.
 
Најдобар начин да се совлада новинарскиот занает е да се учи од луѓето кои го искусиле тој пат. Токму затоа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста преку соработката со дневниот весник „Дневник“ им нуди можност на студентите да учат од предавачи кои го искусиле новинарството во овој медиум.
 
Дневниот весник „Вест“ како соработник на Високата школа, ги отвора вратите за студентите на Школата кои имаат афинитети кон печатено новинарство. Преку стипендии на студентите им се овозможува професионален ангажман уште во текот на студирањето.
 
utrinski Утрински весник како партнер на Високата школа нуди можност студентите практично да го применат своето теоретско знаење во редакцијата на весникот. Студентите имаат можност да се здобијат со искуство во областа на печатеното новинарство и да го усовршат новинарскиот занает.
 
Дневниот весник на албански јазик Коха е пријател, партнер на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Коха им овозможува на студентите од албанска националност постојана пракса и можност за вработување при што тие имаат можност на мајчин јазик да ги истакнат знаењата стекнати во Високата школа.
 
Дневниот весник Лајм како соработник на Високата школа овозможува практично искуство во својата редакција, со назначен ментор кој ќе се грижи за непречено одвивање на практичната настава на студентот. Студентите имаат можност практично да ги применат своите знаења за пишување во весник што подоцна ќе им биде од голема значење при иден професионален ангажман.
 
Макфакс е прва приватна новинска агенција и е долгогодишен соработник на Високата школа. Макфакс во сопствените вести ги почитува принципите на независност, навременост, непристрасност, вистинитост, веродостојност и известување врз основа на проверени факти и доверливи извори. Преку праксата во овој медиум, студентите можат да научат како објективно се следат вестите, дa не заземаат став, што е една од најважните карактеристики на еден новинар.
 
Порталот Нетпрес како соработник на Високата школа, овозможува практична настава на студентите која им помага да ги збогатат нивните вештини и знаења преку користење на различни мултимедијални алатки и следење на новите трендови во електронските медиуми.
 
Македонската национална телевизија Алфа како долгогодишен соработник на Високата школа, нуди размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на новинари, уредници и други медиумски работници од Алфа телевизија во наставата на Високата школа. Алфа телевизија доделува стипендии за најталентираните средношколци, во областа на новинарството, со можност за пракса при која студентите можат да се соочат со предизвиците на телевизиското новинарство.
 
Соработник, пријател на Високата школа е и телевизијата Алсат М, која нуди стипендии за студентите и од македонска и од албанска националност во областа на телевизиското новинартсвото. Алсат М телевизија овозможува професионален ангажман во текот на студиите но и по нивното завршување. Преку овој медиум студентите имаат можност одблиску да се запознаат со работењето во телевизија.
 
Телевизија Тера е партнер, со која Високата школа континуирано работи на различни проекти кои имаат за цел да ги подигнат стандардите во новинарската професија но и доближување и ПР професијата, како релативно млада професија на нашите простори.
 
Телевизија Ирис е соработник и поддржувач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Како локален медиум и телевизија Ирис заедно со Високата школа работат на проекти за развој и примена на етичките и професионалните стандарди во новинарството како професија.
 
Телевизија Здравкин е долгогодишен партнер на Школата. Овој медиум им овозможува на студентите да се стекнат со професионална пракса, преку која ќе се запознаат со начинот на известување на локално ниво.
 
Телевизија Кисс е соработник и поддржувач на Високата школа. Заедно со школата, телевизијата учествувала во повеќе заеднички проекти од областа на новинарството. Како се стои пред камера, како се известува од настан и како тече процесот на подготовка на еден прилог, студентите можат да го искусат во редакцијата на овој медиум.
 
Телевизија Менада е локална телевизија со која Високата школа има успешна соработка. Доколку има потреба од пракса телевизијата нуди отворена можност за сите студенти, своето работно искуство да го стекнат токму во овој медиум.
 
Радиото Слободна Европа е еден од поддржувачите на Високата школа, чија што соработката резултирала со повеќе заеднички проекти. Радио Слободна Европа исто така им овозможува на младите новинари практично искуство за работа во радио. Таа ги има отворено своите врати за многу наши студенти кои денес се дел од тимот на оваа медиумска куќа.
 
Клуб ФМ е долгогодишен соработник на Високата школа која дава можност за стекнување со стипендија за најталентираните средношколци. Покрај искуството кое може да се стекне во областа на радио новинарството, овој медиум работи и на повеќе проекти со Школата, како во областа на новинарството така и во областа на односите со јавноста. Еден од заедничките проектите на Клуб ФМ и Високата Школа беше и проектот “Читај секаде”.
 
Радио Канал 77 е партнер на Високата школа, кој освен што нуди стипендии дава и можност студентите да го искусат аудио-визуелното изразување и да научат како да го зграпчат вниманието на слушателот преку моќта на радиото. Овој медиум овозможува професионален ангажман за време на студиите, но и по нивното завршување.

kreatif Kreatif, која функционира како динамична и креативна агенција во областа на комуникациите, маркетингот и односите со јавноста е една од повеќето соработници на Високата школа. Агенцијата освен практична настава на студентите преку која тие можат теоријата да ја применат во пракса, таа е и еден од од партнерите која обезбедува целосни стипендии за школараина за насоката односи со јавноста и корпоративните комуникации.
 
Маркетинг агенцијата New moment е поддржувач на Високата школа, која нуди пракса за идните стручни лица за корпоративни комуникации и односи со јавноста. Агенцијата преку можност за практична работа ја доближува професијата односи со јавноста до студентите уште во самиот почеток на студиите. New moment е апсолутен победник на фестивалот за адвертајзинг „Пиран Идеа“ во 2008-ма во Словенија.
 
ImagePR е етаблирана и по многу нешта уникатна агенција за односи со јавноста, која воедно е и соработник на Високата школа. Преку ангажман во оваа агенција студентите имаат можност да научат за доследното почитување на професионалниот кодекс, за доверливоста и лојалноста преку која се имплементираат комуникациски стратегии и програми за клиентите врз принципот на one-stop-shop (се на едно место). Преку изучување на комуникациските стратегиите ImagePR им нуди на студентите усовршување на односите со јавноста како професија. Image PR се добитници на GOLDEN WORLD AWORDS 2007-ма на Меѓународната организација за односи со јавност (IPRA).
 
McCann Erickson е агенција за односи со јавноста со која Високата школа работи на многу заеднички проекти за подигање на стандардите во односите со јавноста. Агенцијата им овозможува на студентите да се стекнат со искуство како да направат одлична комуникациска стратегија, успешна кампања и како на најпродуктивен начин да ги користат алатките за односи со јавноста. Заеднички проект на McCann Erickson и Школата е и кампањата Изрази се преку медиумите на тема: „Заедно за училиште без насилство“ во 2012 година.
 
Македонската креативна агенцијата P World својата мисија, ја реализира преку креирање на спектакуларни настани, телевизиски шоу програми, како и иновативни кампањи за брендирање, со цел да се креира поодговорен и попрофесионален бизнис свет. Како соработник на Високата школа, агенцијата нуди ангажман за студентите како и можност да се запознаат со светски познати експерти од областа на маркетингот, односите со јавноста, но и начинот на организирање настани со светски стандарди.
 
Агенцијата Elemenmt PR е партнер на Високата школа, која на студентите преку можноста за практичната настава им нуди искуство во делот за креирање на репутација на една компанија, како да се направи добра комуникациска стратегија, способноста да се креираат вистинските пораки, да се идентификува целната групата но и да се направи вистинскиот избор на канали низ кои ќе се пренесе пораката.
 
Агенцијата за комуникациски менаџмент Apriori Communications се темели на советување, ко-организација, ко-изведба и едукација од областа на корпоративните комуникации и односите со јавноста. Apriori Communications е поддржувач на Високата школа, која преку заеднички проекти и пракса овозможува доближување на односите со јавноста до студентите.
 
apra-pr Во своето портфолио агенцијата APRA Porter Novelli вклучува изработка и реализација на комуникациски стратегии, консултации и нивна имплементација. Агенцијата ги има отворено вратите за практична настава на студентите на Високата школа, преку нивно учество во реални проекти, но и мозноста да се освои една од целосните стипендии на насоката корпоративни комуникации и однси со јавноста.
 
Ipsos е една од поголемите истражувачки агенции во Р. Македонија,  поддржувач, пријател на  Школата. Студентите имаат можност преку заедничките проекти и пракса да ги совладаат методите на истражување, да научат како точно да ги утврдат целните групи, како да ги запознаат навиките на потрошувачите, но и да ја запазат желбата на клиентот а при тоа да се понуди истражувања со високи стандарди за квалитет и ефикасност.
 
Агенција Rejting е една од водечките истражувачки агенции во Р. Македонија и се занимава со испитување на јавното мислење и истражување на пазарот. Преку соработката која агенцијата ја остварува со Високата школа , студентите имаат можност преку пракса да ги усовршат техниките за дејстување на пазарот, да дејстуваат ажурно и навремено, да развиваат идеи и континуирано да комуницираат.


Мобилниот оператор Vip кој е член на Telekom Austria Group, и која брои повеќе од 23 милиони корисници во осум земји од регионот има одлична соработка со Високата школа. Соработката овозможува практична настава за студентите од насоката корпоративни комуникации и односи со јавноста со можност да стекнат повеќе искуство во делот за подготовка на промотивни кампањи, организирање настани како и комуникација со целните групи. Vip е познат како лидер во иновациите со развивање на нови технологии и услуги кои за првпат се воведуваат на пазарите каде што се присутни.
 
Комерцијална банка е водечка независна, приватна македонска банка која нуди палета на услуги и ужива силна меѓународна репутација. Со Високата школа има одлична соработка која се остварува низ заеднички проекти за развој и унапредување на корпоративните комуникации и односите со јавноста. Студентите, низ праксата во оваа компанија имаат можност да ги совладаат подобро комуникациските вештини, да научат повеќе за градење и одржување на репутација, како и подготовка на промотивни кампањи за одреден производ или услуга.

  Дирекција за заштита на личните податоци е надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување на личните податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија. Како соработник на Високата школа е отворена и достапна во размената на информации, искуства, и практики кои се од големо значење за студентите на Школата.
     
  Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ е граѓанска, невладина,  организација, која се залага за  баласиран социо-економски развој, активна граѓанска вклученост, почит кон владеењето на правото и доброто владеење. Институтот е долгогодишен соработник и пријател на Школата која преку многуте  заеднички проекти се залага оваа тематика да им ја доближи како на студентите по новинарство така и  на студентите по корпоративни комуникации и односи со јавноста.
   
  Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Македонија, која има воспоставено соработка со Високата школа.
Институцијата обезбедува квалитетни, навремени и меѓународно споредливи статистички податоци и преку неа студентите можат се запознаат со принципите за неутралност, стручна независност, објективност, рационалност и заштита на индивидуалните податоци.
   
  Стопанската комора на Македонија е пријател и поддржувач на Високата школа кој овозможува практична настава за студентите уште во првата година од нивното студирање. Вратите на Стопанската комора на Македонија се отворени како за соработка со факултетот, така и за директна комуникација со студентите и нудат различни информации и запознавања во областа на економијата, бизнисот и менаџментот.
   
  Министерство за образование и наука е стратешки партнер на Високата школа преку кое со заеднички проекти и активности ќе се поттикнува и развива квалитетот на високото образование. Соработката со МОН е значајна и по тоа што Министерството игра голема улога и во доменот на промовирање на интеркултурализмот во сферата на високото образование.

  Општина Карпош како партнер на Школата освен што се залага за унапредување и развој на корпоративните комуникации и односите со јавноста преку различни проекти, настани со Високата школа, таа се залага и за професионален развој на студентите преку можноста студентите да учествуваат во реални проекти и пракса во општината.
   
  Општина Аеродром е партнер на Високата школа, која во рамките на својата примарна дејност, делува и меѓусебно соработува во интерес на унапредување на корпоративните комуникации и односи со јавноста. Општината е секогаш отворена своите искуства и знаења да ги сподели со студентите на Школата, притоа обезбедувајќи им професионален ангажман.
   
  Општина Охрид е партнер на Високата школа која дава можноста за размена на искуства и најдобри практики. Дел од активностите кои произлегуваат од оваа соработка е учество во заеднички проекти, како и можност за професионално усовршување на студентите во институција.
   
  Општина Делчево е партнер на Високата школа, која е отворена за соработка преку најразлични заеднички активности и проекти. Општината нуди и ангажман за студентите од насоката корпоративни комуникации и односи со јавноста. Партнерството со општина Делчево е од голема важност за развој и промоција на корпоративните комуникации и односите со јавноста во источна Македонија.
   
  Општина Радовиш е партнер пријател на Високата школа, која дава поддршка во развојот на корпоративните комуникации и односи со јавноста преку можност студентите да се стекнат со практична настава низ учество во секојдневните активности на оваа општина.
   
  Високата школа има одлична соработка и со општина Дебар. И оваа општина ги отвори вратите за студентите кои сакаат да научат повеќе за корпоративните комуникации и односите со јавноста.

Здружението Конект иако е релативно младa и формирано од граѓаните, за граѓаните дејствува и има воспоставено соработка со Високата школа во делот на општествената одговорност, филантропијата и е отворено за размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на претставници од здружението за време на наставата во Школа и можноста за пракса на студентите.
 

     
     
     

Centar-Kariera-100_09
Obuki100_09

Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.