Имате проблеми со пораката? Прегледајте ја во вашиот прелистувач

vs-logo_crven1.jpg

Пишувај гласно, зборувај моќно
Високата школа е акредитирана како високообразовна установа од Министерството за образование и наука (МОН). Високата школа нуди додипломски студии на две насоки: новинарство и корпоративни комуникации и односи со јавноста. Студентите се стекнуваат со факултетска диплома која е призната од МОН и од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија.

Формирана Катедра на УНЕСКО при Високата школа


unesco-mak.jpg


Во соработка со УНЕСКО, при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е основана Катедра за Медиуми, дијалог и заемно разбирање. Целта на Катедрата е да придонесе кон зајакнување на општествената кохезија, културниот плурализам и интеркултурната комуникација меѓу различните групи и заедници во Македонија.


Во тек е уписот на студенти

upisi.jpg


Вкупно 80 студенти може да студираат наредната академска година на двете насоки на Високата школа: Новинарство и продукција и Корпоративни комуникации и односи со јавноста.


Повеќе


Професори од Холандија, Данска и Велика Британија ги креираат специјалистичките студии


rabotilnica-zwolle1.jpg

Високата школа почна да развива специјалистички студии на две насоки: Менаџмент на медиуми и мултимедија и Менаџмент на стратегиски комуникации. Ова ќе бидат први и единствени студии во Македонија во овие области.




Студиска посета на Холандија



Студентите стажираат


Табло на апсолвенти





Други активности:


„Multi Via Media“ здружи стотина средношколци


Средношколска веб платформа, награден конкурс, работилници и младинска декларација се дел од активностите преку кои средношколци од различна етничка припадност од цела Македонија се дружеа и работеа заедно изминатите шест месеци.

Повеќе


Катедрата на УНЕСКО промовирана на конференција за новинари


konferencija-unesco.jpg

Само квалитетно високо образование, базирано на меѓународна соработка и заеднички проекти, може да едуцира новинари кои ќе работат според професионални и етички стандарди, почитуваjќи ги принципите на инклузивност во нивното известување и поттикнуваjќи го дијалогот и заемното разбирање на сите групи и заедници во општеството, беше еден од заклучоците на вчерашната конференција „Образованието за новинари, професионалните вредности и културната разновидност“.


Повеќе


Студии за вработени за 500 евра

pres-konferencija.jpg

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста им овозможува на медиумските и професионалците за односи со јавноста единствени специјализирани студии за 500 евра годишно.


Повеќе




Целосни стипендии за тројца Роми


romi-konkurs.jpg

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста објавува конкурс за три целосни стипендии за студенти Роми кои ќе се запишат на додипломски студии во академската 2011/2012 година.


Избрани двајцата стипендисти на „Нова Македонија“









Се подготвува основањето на здружението за односи со јавноста


Иницијативниот одбор на првото здружение за односи со јавноста во Македонија ги подготвува основните материјали за формирање на здружението на професионалци за корпоративни комуникации и односи со јавноста.

Повеќе

За Високата Школа

Високата школа е прва и единствена установа во Македонија која нуди едукацијa на специјалисти по новинарство и за односи со јавноста, умешно комбинирајќи ги теоријата и практичното работење.

Повеќе

Зошто новинарство?

Зошто односи со јавноста?


Адреса

Јуриј Гагарин 17/1-1 1000, Скопје, Р.Македонија

info@vs.edu.mk

Тел: (02) 3090-004
Фак: (02) 3090-104





Оваа порака ви е испратена од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Одјави се | За било какви проблеми контактирајте не на info@vs.edu.mk

Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

info@vs.edu.mk

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста обезбеди фонд за стипендирање на нови студенти во академската 2009/2010. Кандидатите можат да се определат да студираат на двете додипломски насоки: