Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста

pr-slikickaВисоката школа за новинарство и за односи со јавноста го отвори уписниот рок за курсот „Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста“ наменет за сите кои се на почеток од својата кариера или планираат во иднина да се занимаваат со оваа професија.

Способноста за јасно изразување и пренесување на информациите, концептуалното размислување и двонасочната комуникација со целната група, се клучни во денешно време.

Овој курс ќе ви овозможи да научите зошто се важни односите со јавноста, ќе ве воведе во техниките и вештините на пишување, изборот на канали на комуникација, важноста на онлајн медиумите, комуникацијата за време на криза, како да подготвите ефикасна презентација, говор, да организирате настани и др.

Пријавувањето е до 2 ноември, 2015 година на: kursevi@vs.edu.mk.

Курсот го води: М-р Сашо Дуљанов

Наставата e организирана во пет неделни предавања и вежби, еднаш неделно во попладневни термини кои дополнително се утврдуваат.

Учесниците кои успешно ќе го завршат курсот, ќе добијат сертификат со одреден број на кредити по ЕКТС.

Програма на курсот
1. Зошто се важни односите со јавноста/односи со медиуми;
2. Пишувањето како основа на добрите односи со јавноста (превртена пирамида);
3. Избор на канали на комуникација/ПР алатки/креативна комуникација со целната група;
4. Техники на пишување (употреба на тестемониали и едукативни содржини);
5. Техники на пишување (употреба на истражувања) зголемување на кредибилитетот на пораката;
6. Важноста на дигиталните медиуми -нивното значење и ефективност;
7. Комуникација во услови на криза;
8. Како да се излезе од негативната перцепција на јавноста;
9. Подготовка на презентација за односи со јавност/презентација на проект;
10. Изработка на проект од страна на учесниците, заедничко разгледување;

Цената за еден учесник е 9.000 денари.

Лице за контакт: Лејла Шабан, Раководител на центарот за обука и професионална надградба „Кариера" www.vs.edu.mk/kursevi; kursevi@vs.edu.mk; Тел: 02 30 90 004