Напреден курс по фотографија

Курсот е наменет за оние кои сакаат да се доближат чекор поблиску до професионална фотографија. Надградба е на основните знаења, но во исто време може да биде значаен за понатамошната ориентација на учесниците преку откривање на своите афинитети во фотографија.

Темите кој овој курс ги опфаќа се движат од портрет, комерцијална фотографија, преку документарна, експериментална, до креативна фотографија и напредни техники за пост - продукција и обработка на фотографијата.

Предавањата се изведуваат со комбинирање на класичните и современите методи, кои опфаќаат индивидуална и групна работа, многу практични вежби, видео бим презентации и демонстрации со цел учесниците преку интерактивен пристап да ги подобрат и усовршат своите фотографски вештини.

Програма на курсот:

Тема 1:
Вовед
Презентација на портфолио и правилна изработка на истото.

 

 

 

 

Тема 2:
Разбирање, прилагодување и напредна контрола на фотоапаратот.
Време и движење
Креативни техники.

 

 

Тема 3:
Напредна
Експозиција / Композиција
Фокус и длабочината на полето
Визуелен јазик на изразување и креативно осветлување

         

Тема 4:
Комерцијална фотографија, црно бела фотографија
Разбирање на основата на составот и осветлување, вклучувајќи го и нивото на осветленост и контраст.

 

Тема 5:
Документарна и улична фотографија

 

 

 

 

 

Тема 6:
Обработка на фотографија
Дигитална работа за да се обезбеди максимална точност и квалитет на крајниот производ.

 

 
Услов за следење на курсот:
Услов за посетителите на овој курс се основни фотографски знаења и вештини, како и поседување на DSLR фото апарат или напреден дигитален фото апарат.

Како ќе се реализира курсот?
Курсот ќе се реализира во пет или шест неделни предавања, двапати неделно по два часа.
После секоја тема, предвидени се вежби и анализирање на реализираните фотографии.