• КРИЗНО КОМУНИЦИРАЊЕ

    Се сеќавате на ситуацијата со опасноста од бактеријата листерија и како таа се одрази врз угледот на одредени компании во месната индустрија? Или неодамнешните поплави кои ги погодија регионот на Југоисточна Европа? Можната закана од ебола?

    Информирај се...

  • Курс по фотографија

    Вие имате добро око и гледате добри слики, но тие едноставно не се регистрираат на вашиот фотоапарат. Една добра фотографија може да предизвика емоции поголеми од илјада зборови, но како до вистинска фотографија?

    Информирај се...

  • Час по фотографија во Старата скопска чаршија

    Вака изгледа вечерната атмосфера во Старата скопска чаршија погледнато низ објективот на фоторепортерите учесници на курсот по фотографија на Високата школа. Курсот се реализира под менторство на Томислав Георгиев и е дел од програмите за професионален развој на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.                

    Информирај се...

  • Односи со јавност, корпоративни комуникации и маркетинг

    На сите типови организации им се потребни професионалци кои систематски ќе ги планираат и спроведуваат комуникациите на организацијата.

    Информирај се...

  • Вирален маркетинг vs. класични ИМК: Прашање на Давид vs. Голијат?

    На секој бизнис му e потребна успешна маркетинг кампања, но изборите се често премногу широки. Дали да се одбере виралниот пат? Конвенционален маркетинг? Дали постои и која е разликата помеѓу овие два концепти? Преку овој курс ќе можете да видите што е тоа што го издвојува виралниот од конвенционалниот маркетинг.

    Информирај се...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Напреден курс по фотографија

nap-foto1

Курсот е наменет за оние кои сакаат да се доближат чекор поблиску до професионална фотографија. Надградба е на основните знаења, но во исто време може да биде значаен за понатамошната ориентација на учесниците преку откривање на своите афинитети во фотографија. Темите кој овој курс ги опфаќа се движат од портрет, комерцијална фотографија, преку документарна, експериментална, до креативна фотографија и напредни техники за пост - продукција  и обработка на фотографијата.

 Повеќе 

Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста

plan-pr-modul

Курсот „Како дa се планира ефективна кампања за односи со јавноста“ ви помага да добиете предзнаења за важноста на односите со јавноста, како и самите да преземете одговорност за нејзина реализација. Независно каде и што работите oдносите со јавноста се исклучително важна вештина што треба да ја владее секој менаџер и поединец кој што сака успех во кариерата.

 Повеќе 

Подготовка на скици за магистерски и докторски трудови

podgotovka-skici-za-mr-dr

Многу студенти, пред да започнат со изработка на магистерската или докторската теза, се соочуваат со потешкотии како да изберат тема за магистерскиot или докторскиот труд и како да подготват добар предлог за истражување за магистерскиот труд. Планирањето на едно истражување не е лесен и едноставен процес. За да направите добра скица за магистерски или докторски труд потребно е многу искуство, креативност и специфични познавања на истражувачкиот процес.

 Повеќе 

Курс по радио - водителство

radio-novinarstvo

Магијата на радиото е во моќта на имагинацијата која преку етерот треба да создаде реални слики, приказни, муабети и да му се доближи на слушателот, да го привлече и задржи неговото внимание. Особено важен е пристапот на водителот кон слушателот, кој во него треба да го препознае својот близок, кој ќе посака да го слушне или да поразговара со него. Многу радио-водители со различно образование, речиси без никаква подготовка застануваат пред микрофонот и за многу кратко време ја почнуваат и завршуваат својата кариера.

 Повеќе 

КРИЗНО КОМУНИЦИРАЊЕ

Се сеќавате на ситуацијата со опасноста од бактеријата листерија и како таа се одрази врз угледот на одредени компании во месната индустрија? Или неодамнешните поплави кои ги погодија регионот на Југоисточна Европа? Можната закана од ебола?

 

Живееме во општества кои постојано се соочуваат со различни видови кризи, поврзани со животната средина, политичките состојби, економијата... Во променливиот контекст на 21 век, организациите не можат да останат имуни на кризи, ризици и ситуации. Токму затоа, на сите типови организации потребни им се стручњаци за односи со јавноста, кои не само што систематски ќе ги планираат и спроведуваат комуникациите на организацијата, туку и ќе бидат подготвени тоа да го прават во ситуација на криза, која со себе носи многу стрес, неизвесност, опасност да го уништи угледот на организацијата, но и наметнува потреба за брза, навремена и соодветна реакција.

Курсот по Кризно комуницирање е наменет за професионалците за комуникации и односи со јавноста кои сакаат своите компетенции да ги развијат на повисоко ниво, стекнувајќи знаења и вештини неопходни да идентификуваат ситуација на криза и соодветно да се справат со неа.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма на курсот:


Тема  1:

Како да гледаме зад аголот? Предвидување ризици и ситуации, управување со ситуации.

  

Тема 2:

Што е опасноста? Криза и улогата на кризното комуницирање.
     

Тема 3:

Како? Ефективно кризно комуницирање.
 

Тема 4:

Кој? Улогата на лидерот во кризното комуницирање.
     

Тема 5:

Кој? Улогата на портпаролот во кризното комуницирање.
 

Тема 6:

Вистинскиот начин? Етиката во кризното комуниицрање.

     

Тема 7-8:

Стратегија? Подготовка на план/систем за кризно комуницирање.

 

Тема 9:

Медиуми? Негативен однос на медиумите и како да се справиме со него.

     

Тема 9:

Што потоа? Период на заздравување од кризата и враќање на угледот на организацијата.

   
 
 
 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс е да ги познавате основите на односите со јавноста и маркетинг комуникациите, како и работно искуство во овие области.

 
 

Што ќе научите на курсот

Курсот ќе ви овозможи да го разберете значењето на успешното кризно комуницирање за надминување на кризата, одржување на угледот на организацијата и унапредување на организациската култура. Исто така, ќе ви овозможи да научите како да планирате и спроведувате комуникациски активности во ситуација на криза.

 

Вештини за креативно и убедливо зборување

kreativno-zboruvanje

Курсот Вештини за креативно и убедливо зборување ви помага да се стекнете со сигурност и подготвеност за јавно зборување. Стравот од зборување пред публика е се уште еден од најголемите ставови, а луѓето ја создаваат својата перцепција за тоа кои сме и што правиме врз основа на сигурноста што ја покажуваме кога зборуваме јавно.

 Повеќе 

Вештини за креативно пишување

vestini-vo-kreatinvo-pisuvanje

Во природата на човековиот ум е да размислува читко, едноставно, јасно, рационално. Нашите мисли немаат вишок зборови, не се полни со еуфемизми, непотребни апозиции, комплицикации. Зошто тогаш кога ќе сакаме мислите да ги ставиме на хартија, почнуваме да ги усложнуваме? Како да пишуваме едноставно и прецизно, баш онака како што мислиме? Како тоа да биде, истовремено, и креативно и со стил? Како да пишувам ефективно и целисходно?

 Повеќе 

Пријава за информатор

 

informaciiprijavi-se