Односи со јавност, корпоративни комуникации и маркетинг

На сите типови организации им се потребни професионалци кои систематски ќе ги планираат и спроведуваат комуникациите на организацијата.

Ефикасните кампањи за управување на односите со јавноста имаат огромно влијание, и внатре и надвор од организацијата, во креирањето на брендот и репутацијата. Тоа им обезбедува на компаниите стратегиско позицинирање и конкурентска предност, што во променливиот контекст на 21 век подразбира доминатност на дигиталниот простор, вирален маркетинг и соодветна реакција при потенцијални ситуации и кризи.

По завршување на курсевите бидете:

  • Лицето за односи со јавноста, кој ќе ги познава потребите на целните групи, ќе умее да се справи со кризи, ќе биде препознатлив по умешноста на говорење, и кој притоа нема да заборави на етиката и одговорноста пред јавноста.
  • Лидерот, кој ќе го има тимот што носи успех.
  • Менаџерот, кој ќе го препознаваaт вработените, компанијата, јавноста.

Курсевите се отворени за сите, за тие што се почетници или со искуство.

Високата школа организира и курсеви за вработени во медиуми, компании и јавни институции, модифицирани според потребите на клиентот.

Лице за контакт: Лејла Шабан, lsaban@vs.edu.mk, 02 30 90 004