Маргарита Столеска

stoleskaМаргарита Столеска, има завршено на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на насоката општа и компаративна книжевност. Работи како главен и одговорен уредник на Сити и радио Клуб ФМ, каде што ја креира програмската шема на овие две урбани радиа.

Првите почетоци и се во Нова Македонија како новинар а потоа како заменик главен и одговорен уредник.
Има учествувано во многу програми, проекти и обуки за специјализација како што се:

„Тренинг за тренери“ на Данската школа за новинарство и медиуми и Македонскиот институт за медиуми,
„Soaps and Society“- Radio Netherlands Training Center, Холандија,
“Radio Magazine” - DW and Media Development Center Training, Бугарија,project of Deutsche Welle in Bulgarian centre for development of Medias, и уште многу други.

Освен како новинар има работено и како консултант за односи со јавност и маркетинг за компании како што се „McDonald’s“, „Austrian Airlines“,  „Porsche Macedonia “ , „K-15 production “, „Publicist“ и др.

Нејзиниот  специфичен глас е препознатлив по многуте реклами како што е и доста познатата реклама за McDonald’s – според рецептот на баба ти.