Што ќе научите на курсот?

 По завршувањето на курсот, ќе научите:

-Дека комуникациите се во поддршка на целите на бизнисот;
-Да понудите преглед на комуникациските пристапи и алатки (цели, терминологија, алатки за комуникација, интеграција) и знаења за потребата од интегрирање на сите можни (комуникациски) алатки;
-Да ги разликувате предностите/недостатоците на социјалните медиуми, мобилен (mobile) маркетинг и традиционалните методи на маркетинг комуникација;
-Да го користите знаењето, користејќи холистички пристап при воспоставувањето на стратегијата за комуникација;
-Значењето на непристрасност и одговорност кон брендот (односот меѓу бренд концепт, лојалност кон брендот);
-Да бидете способни да спроведете сегментација, таргетирање и позиционирање;
-Да управувате со традиционалните маркетинг комуникации и нови медиуми;
-Како да планирате, да го анализирате и да го измерите влијанието и ефикасноста на кампањата;
-Како да имплементирате општествена одговорност како една од можностите за постигнување на комуникациските цели;
-Да подготвите сеопфатен план за комуникација и да ги претставите алатките во рамките на планот (тв, дневен печат, радио реклама, користење на социјалните медиуми, мобилни апликации и слично).