Вирален маркетинг vs. класични ИМК: Прашање на Давид vs. Голијат?

На секој бизнис му e потребна успешна маркетинг кампања, но изборите се често премногу широки. Дали да се одбере виралниот пат? Конвенционален маркетинг? Дали постои и која е разликата помеѓу овие два концепти? Преку овој курс ќе можете да видите што е тоа што го издвојува виралниот од конвенционалниот маркетинг.

Разликата помеѓу вирална и конвенционална маркетинг кампања е претежно во начинот на кој што се шири пораката. Целта на конвенционалната маркетинг кампања е да дознае која е целната публика, а потоа да се осигура дека рекламите ќе се појавуваат токму на тие места каде што се има намера да се појават.

Виралните маркетинг кампањи зависат и од други поединци од кои се очекува да ја дистрибуираат рекламната порака преку социјалните мрежи. Во теорија, еден поединец споделува интересно парче на маркетинг содржина со сета негова/нејзина мрежа; пријателите на тоа лице потоа ги споделуваат пораките на нивните мрежи, притоа создавајќи т.н. „ефект на снежни топки“.

Исто така виралните маркетери често тврдат дека виралната кампања е во голема мера создадена за брендирање и треба да има значително различни содржини од конвенционалниот маркетинг. Меѓутоа, со широкиот спектар на пристапи кои конвенционалниот маркетинг ги има на располагање, оваа разлика станува се помалку очигледна. Како што многу реклами на телевизија покажуваат со тоа што стануваат популарни на YouTube, конвенционалниот маркетинг може да биде исто толку корисен како маркетинг кој е специјално дизајниран за да биде вирален.

Главната разлика помеѓу виралниот и конвенционалниот маркетинг е тоа што виралниот маркетинг зависи од споделување преку социјалните медиуми, додека конвенционалниот маркетинг зависи од доставување на пораката до целната публика. Сите рекламирачи се свесни дека им е неопходна интегрирана маркетинг стратегија.

Маркетингот на социјалните медиуми претставува речиси целосно преземање на традиционалниот маркетинг пејзаж, поради неговата ефикасна природа и интерактивност. За разлика од традиционалниот маркетинг, кампањите за социјалните медиуми можат да бидат креирани за да се приспособат кон специфичните потреби на пазарот со речиси постојани ажурирања, реагирајќи на постојано променливите вкусови и интереси на пазарот, кои се менуваат и еволуираат со текот на времето.


 


 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

Програма на курсот:


 

Тема  1:

ВИРАЛЕН МАРКЕТИН

 

  • Definition - What does Viral Marketing mean?
  • Techopedia explains Viral Marketing

  

Тема 2:

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

 

  • Definition - What does Social Media mean?
  • Techopedia explains Social Media
  • 6 Key Trends In Online Business
  • A Beginner's Guide to Internet Memes
     

Тема 3:

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРКЕТИНГ

 

  • From A to Z
  • 7P’s
  • Measurement and Evaluation
 

Тема 4:

РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ И ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРКЕТИНГ

 

 

 

 

 

 

     

 

Услов за следење на курсот:

Познавање на темелите на односите со јавноста и интегрираните маркетинг комуникации и работно искуство од барем една година во истите обласи.  
Компентеции: познавање на англиски јазик, самосталност, самоиинцијативност, истрајност, тимска работа, размислување надвор од вообичаеното, способност за анализирање и синтеза.

Често поставувани прашања

Цена на обуката:
12.000 денари за обука која се следи on-line

Пријавувањето е во тек!

Нудиме можност за:
15% попуст за двајца или повеќе лица од иста институција;
10% попуст за плаќање во готово;
Плаќање на 2 рати.

Запишувањето или резервацијата на место за курсот се врши со пополнување на електронската пријава или на контакт телефон 02 3090 004

Запишувањето или резервацијата на место за курсот се смета за валидно, откако ќе се пополни електронската пријава и се уплати вкупниот износ или првата рата од износот на жиро сметка: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста 210- 0638139101-88, НЛБ Тутунска банка со цел на дознака Курс за...

Контакт лице: Лејла Шабан, раководител на центарот за обука и професионална надградба „Кариера“
Телефон 02 3090 004
Е-маил: lsaban@vs.edu.mk; kursevi@vs.edu.mk