Петре Георгиевски

petre-georgievskiПрофесор д-р Петре Георгиевски (редовен професор во пензија) е еден од основачите на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде ја изведувал наставата по Методологија на социолошките истражувања и по Социологија на образованието. Изведувал настава и на универзитетите во Белград, Ниш и Софија, вил продекан и декан на Филозофскиот факултет во Скопје и претседател на Здружението за социологија на Република Македонија.  Бил член на повеќе редакции на списанија, главен и одговорен уредник на списанието „Погледи“ и член на редакцијата на списанието “Социологија“ од Белград. Водел и учествувал во голем број истражувачки проекти, и има објавено бројни истражувачки публикации, статии, монографии у учлебници. За неговата севкупна работа има добиено неколку домашни и меѓународни награди и признанија.