Информации

Запишувањето за учество на некој од курсевите на Високата школа се прави со пополнување електронска пријава и податоци за име и презиме, институција, град, телефон, е–мејл адреса и избор на курсот за кој се пријавувате. Запишувањето или резервацијата на место за одреден курс се смета за валидно доколку се пополни електронската пријава и се уплати целосната сума или првата рата од целосната сума на курсот.

Уплата за курсот

Плаќањето се врши на жиро сметка: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, 210-0638139101-88, НЛБ Тутунска банка, со цел на дознака (име на курсот). Високата школа дава неколку поволности при уплатата:

- 10% попуст за уплата на целата сума на курсот;

- 15 % попуст за група од двајца или повеќе учесници од иста институција

- можност за плаќање на две рати.

За оние кои ќе се одлучат да плаќаат на рати, првата рата ја уплаќаат пред почетокот на курсот, додека втората рата пред крајот на курсот со посебен договор склучен помеѓу корисникот на услугата и Високата школа.

Како се организирани предавањата?

Курсевите може да се следат од училница или он-лајн во 5 или 6 неделни предавања.

Курсевите од училница се организираат два пати неделно по два часа од по 45 минути, во работни денови во вечерните часови од 18.00-20.00 часот во група до 15 учесници. Курсот ќе се реализира доколку се оформи група од најмалку 10 учесници. Часовите се организирани на тој начин што по предавањето на предавачот, учесниците ќе треба да изработат вежби и задачи. Редовноста на курсевите е задолжителна.

Он-лајн курсевите се следат на посебна платформа за учење од далечина и се организираат два пати неделно, комбинирани со предавање и консултации. Групата ќе брои максимум 20 учесници. Курсот ќе се реализира доколку се оформи група од најмалку 10 учесници.

По завршување на курсевите учесниците се стекнуваат со сертификат од Високата школа или одреден број на кредитеи по ЕКТС во зависност од комплексноста и оптовареноста на курсот. Кредити по ЕКТС се издаваат само за курсевите кои се компатибилни на предметите на наставната програма на Високата школа.

За повеќе информации, обратете се на Лејла Шабан, раководител на центарот за обука и професионална надградба „Кариера“, тел. 02 / 3090 004, е-адреса: lsaban@vs.edu.mk; kursevi@vs.edu.mk