Што ќе научите на курсот?

Пред се' ќе го почувствувате процесот на создавање на радиската програма. Вештината е во имагинацијата, инспирацијата, изборот на содржините, начинот на пакување на истите, процесот на идејните решенија, од каде да почнете, како, колку, со кого и зошто.

Курсот ќе ви покаже како да го најдете фокусот, рамката, колку е доволно, да разликувате продуцирање на програма за различни медиумски формати, забавен или информативен, временски рамки – утринска, пладневна или ноќна програма, опстанокот, конкуренцијата, тимското творештво.

Ќе научите колку е поразлично снименото од програмата во живо, важноста на индивидуалното мислење или предноста на колективното, интервјуата со познатите и непознатото, потребата од разноликоста и новото и во пристапот и во содржината.

Ќе научите како да ја анимирате јавноста, а воедно и како да го користите потенцијалот на гласот на народот кој сам по себе е извор на богатство на приказните од животот.

Ке слушате, ќе пробате и ќе ја почувствувате специфичноста на моќта на радиото, кое пред се функционире по шема. Се може да биде лесно и тешко, но за да знаете дали е тоа вистинското треба да пробате.