Вештини за креативно пишување

Во природата на човековиот ум е да размислува читко, едноставно, јасно, рационално. Нашите мисли немаат вишок зборови, не се полни со еуфемизми, непотребни апозиции, комплицикации. Зошто тогаш кога ќе сакаме мислите да ги ставиме на хартија, почнуваме да ги усложнуваме? Како да пишуваме едноставно и прецизно, баш онака како што мислиме?

Како тоа да биде, истовремено, и креативно и со стил? Како да пишувам ефективно и целисходно?

Често пати имаме одлични идеи во главата, не' понесува некој чуден ентузијазам, пишуваме речиси без здив, мислите се редат една по друга, сите сакаме да ги овековечиме, ниедна да не исчезне пред да биде запишана... А кога ќе сме готови со пишувањето, читаме и... убавото чувство и ентузијазмото полека не напуштаат. Напишаното не звучи исто толку восхитувачки како што ни звучеше првичната идеја. Ништо страшно. Идејата е бесценета. Се' друго ќе научите на овој курс.

Научете ги тајните на професионалното и вештините на креативното и убедливо пишување и најдете го најкраткиот пат од првичната идеја до крајниот текст, научете да пишувате под притисок на времето, научете како креативноста да не ви биде првата жртва на кратките рокови, или најкратко – научете како пишувањето да ви биде уживање, а не стрес. Така многу ќе ја подобрите вашата професионална комуникација, а пораките ефективно, брзо и прецизно ќе стасуваат до оние до кои се наменети.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма на курсот:


 

Тема  1:

ПРИКАЗНИ И ИДЕИ

  • Како да ја пронајдам приказната во и околу себе?
  • Која од многуте е вистинската?
  • Дали мојата приказна има поента?
  • Кои се клучните пораки?
  • На кои прашања треба да одговорам?
  • Размислувај како читател: дали би сакал да слушнеш приказна иста онаква каква што се спремаш да раскажеш?
  • Ми треба ли скица/сиже пред да почнам да пишувам?

 

 

 

 

 

 

  

Тема 2:

ПРОФЕСИОНАЛНО ПИШУВАЊЕ

  • Како да почнам? Зошто е почетокот најважен?
  • Кој жанр треба да го одберам?
  • Кои се правилата на професионалното пишување?
  • Кои зборови да ги користам, каков јазик да употребам?
  • Активна или пасивна форма? Прво или трето лице? Еднина или множина?
  • Кратко, брзо, јасно...
  • Што можам да „украдам“ од новинарското пишување? Актуелно, аналитично, ангажирано, атрактивно... Превртена пирамида и 5W – дали морам строго да се приджувам за овие правила?
  • Кога е препорачливо да пишувам наративно?
     

Тема 3:

ИЛИ БИДИ КРЕАТИВЕН ИЛИ НЕ ПИШУВАЈ

  • Смеам ли да го ослободам духот на креативноста од шишето или да го чувам затворен за да не претерам? Има ли жанрови што не трпат креативност?
  • Како да ги избегнам клишеата? Како секогаш да бидам оригинален?
  • Дали пишувам занимливо или здодевно? Дали е предолго или прекратко? Дали претерувам со стилските фигури?
  • Имам ли сопствен стил, ракопис што е препознатлив?
  • Ми требаат ли цитати и парафрази?
  • Може ли креативноста да се тренира?
  • Дали креативноста е уметност на пишување или уметност на живеење?
 

Тема 4:

ДЕЛОВНО ПИШУВАЊЕ

  • Како да му пишувам на мојот претпоставен?
  • Како да му пишувам на мојот подреден?
  • Како да комуницирам со клиентите или со јавноста?
  • Директен мејл – потреба, честост, структура.
  • СМС – биди креативен и во 160 карактери; Пост на социјални мрежи – создади си публика евтино и брзо!
  • Како да напишам атрактивен говор/обраќање/презентација?
  • Деловното пишување е вечна трка со роковите: има ли начин да победам во оваа трка?

 

 

 

 

     

Тема 5:

ПРЕПРОЧИТУВАЊЕ, ПРОВЕРКА НА ФАКТИТЕ, БРУСЕЊЕ НА СТИЛОТ

  • Дали секогаш морам да прочитам што сум напишал?
  • Како да ги видам „невидливите“ грешки?
  • Можам ли самиот да бидам свој лектор и коректор?
  • Како да ја проверам точноста на фактите?
  • Со секое препрочитување наоѓам нешто што би сменил, со секоја промена поттикнувам нова: има ли ова крај?
   
 
 
 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс е да имате активна e-адреса, зашто дел од комуникацијата поврзана со вежбите ќе се одвива преку електронска пошта како и основни вештини за користење на Microsoft Word. Елементарно познавање на стандардот на македонскиот јазик е исто така нужно.

 
 

Често поставувани прашања:

Како ќе се реализира курсот?