Вештини за креативно и убедливо зборување

Курсот Вештини за креативно и убедливо зборување ви помага да се стекнете со сигурност и подготвеност за јавно зборување. Стравот од зборување пред публика е се уште еден од најголемите ставови, а луѓето ја создаваат својата перцепција за тоа кои сме и што правиме врз основа на сигурноста што ја покажуваме кога зборуваме јавно.

Со посетата на овој курс ќе успеете да ја надминете нервозата, да се ослободите од тремата и стравот од зборување пред јавност. Освен тоа, курсот ќе ви помогне да ги стимулирате своите креативни размислувања и да ги научите техниките за убедлив настап и презентација пред јавноста.  
Резултатите од овој курс доаѓаат брзо, особено затоа што се реализира низ интерактивни вежби и задачи, притоа стекнувајќи го неопходното знаење и вештини за креативно и убедливо зборување и презентирање.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма на курсот:


Тема  1:

Стекнување сигурност и надминување на стравот и нервозата при јавно зборување

  • Стравот, нервозата и паниката се вообичаени пред јавен настап. Со совладување на техниките за нивно контролирање и со практична работа ќе делувате сигурни, опуштени и фокусирани на вашата тема.

  

Тема 2:

Како да пишувате ефективни пораки за комуникација со јавноста?

  • Пораките се централна точка во ефективната комуникација. Преку оваа тема ќе ги научите елементите на ефективните пораки и техниките што се користат за да го привлечат и задржат вниманието на публиката.
     

Тема 3:

Подготовка на план за креативно и убедливо зборување

  • Планот за креативно и убедливо зборување ја организира вашата комуникација. Во овој дел ќе се запознаете со елементите на планот и низ примери од секојдното комуницирање на едноставен и интересен начин ќе ги стекнете вештините за негова подготовка.
 

Тема 4:

Подготовка на ефективна презентација

  • Ефективната презентација носи до гарантиран успех во комуникацијата со целната публика. Преку оваа тема, на интерактивен начин ќе се запознаете со насоките за содржинско и техничко подготвување на презентациите.
     

Тема 5:

Невербална комуникација и поврзување со публиката

  • Говорот на телото упатува на сигурноста на говорникот и во голема мера влијае врз резултатите од самата комуникација. Низ практична работа ќе бидете во можност да го анализирате својот настап и добро да се подготвите за продуктивна комуникација. 
   
 
 
 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс е пред се да имате желба и ентузијазам, да размислувате креативно и да сте базично запознаени со вештините на ефективната комуникација.

 
 

Често поставувани прашања