Радио - водителство

Магијата на радиото е во моќта на имагинацијата која преку етерот треба да создаде реални слики, приказни, муабети и да му се доближи на слушателот, да го привлече и задржи неговото внимание. Особено е важен пристапот на водителот кон слушателот, кој во него треба да го препознае својот близок, кој ќе посака да го слушне или да поразговара со него.

Многу радио-водители со различно образование, речиси без никаква подготовка застануваат пред микрофонот и за многу кратко време ја почнуваат и завршуваат својата кариера. Леснотијата со која водителите влегуваат во радиото, набргу се покажува особено комплицирана, пред се' поради несоодветна подготовка за изработување радиска програма, немање концепт и визија за содржините на програмата, недостаток на инспирација, неискуство, непознавење на медиумот и несигурност.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

 

Програма на курсот:


Тема: 1
Радиото е невидливиот свет полн со музика и муабети
  Тема: 2
Креирање на концеп, содржина, продукција и фидбек за радио програма – цело во круг.
     
Тема: 3
Процес на идејни решенија – инспирација, кој, што, како, зошто, каде и кога.
  Тема: 4
Рамка – од каде да почнам, колку е доволно, кој ќе ме слуша, дали е равенка.
     
Тема: 5
Повеќе од двајца – тимски, секој е подеднакво важен, без право на извини-згрешив.
  Тема: 6
Утринска, пладневна, вечерна емисија. Наутро, сред бел ден, навечер, не е исто.
     
Тема: 7
Во живо...или се снима.
  Тема: 8
Твоето мислење е важно. А сега отвори телефон – контактна програма, сè е можно.
     
Тема: 9
Гостинот е на врата – славните те прават славен, научи се да слушаш, постави го прашањето кратко и јасно.
  Тема: 10
Идоли – етерот создава зависност, со белег на препознатлив, како до славните, јас сум тој или било кој, сè само не просечно.

 

 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс, е пред се да сакате да научите, да бидете иновативни, креативни и да слушате радио. Популарноста  и препознатливоста доаѓаат како резултат. Ако сакате и верувате дека радиото е магијата тогаш научете како да ја почувствувате и поделите со публиката.

 
 

Често поставувани прашања