Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста

Курсот „Како дa се планира ефективна кампања за односи со јавноста“ ви помага да добиете предзнаења за важноста на односите со јавноста, како и самите да преземете одговорност за нејзина реализација.

Независно каде и што работите, oдносите со јавноста се исклучително важна вештина што треба да ја владее секој менаџер и поединец кој што сака успех во кариерата. Способноста за јасно изразување и пренесување на информациите, концептуалното размислување и двонасочната комуникација со целната група, се клучни во денешно време. Овој курс ќе Ви овозможи да ја поттикнете индивидуалната креативност и значењето на односите со јавноста како професија, и можноста преку неа да се влијае на комуникациските процеси. Ќе добиете појасна слика како се креираат комуникациските материјали во една агенција за односи со јавност, кои се процесите, кои се предностите и недостатоците на оваа професија.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма:


 

Тема: 1
Зошто се важни односите со јавноста/односи со медиуми
  Тема: 2
Пишувањето како основа на добрите односи со јавноста (превртена пирамида)
     
Тема: 3
Избор на канали на комуникација/ПР алатки/креативна комуникација со целната група
  Тема: 4
Техники на пишување (употреба на тестемониали и едукативни содржини)
     
Тема: 5
Техники на пишување (употреба на истражувања) зголемување на кредибилитетот на пораката
  Тема: 6
Важноста на дигиталните медиуми -нивното значење и ефективност
     
Тема: 7
Комуникација во услови на криза
  Тема: 8
Како да се излезе од негативната перцепција на јавноста?
     
Тема: 9
Подготовка на презентација за односи со јавност/презентација на проект
  Тема: 10
Изработка на проект од страна на учесниците, заедничко разгледување
 
 
 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс е, пред се да имате цел, да сакате да научите, да верувате во сопствените можности, а успехот сам по себе ќе биде неминовен.

 
 

Често поставувани прашања