Што ќе научите на курсот?

Курсот ќе ви помогне да стекнете дополнителни знаења за процесот на планирање на истражувањето, да научите што е план за истражување, каква треба да биде неговата структура и како да направите добар предлог за истражување за вашата магистерска теза.

Ќе научите како да ја изберете темата за истражувањето, од темата попрецизно да формулирате истражувачки проблем, да ја проучите соодветната литература, да ги дефинирате истражувачките прашања (едно основно и неколку други), да ја дефинирате научната и практичната цел на истражувањето, попрецизно да го дефинирате теориски и операционално предметот на истражувањето, да поставите една општа хипотеза и неколку посебни и поединечни хипотези (во зависност од операционализацијата на предметот на истражувањерто), да ја определите истражувачката стратегија и методите за собирање на податоците, да го одредите основниот збир на единици и примерокот, да ги одредите постапките на обработка и анализа на податоците, да ја определите научната и општествената оправданост на истражувањето, да ја назначите основната литература за изработката на идејната скица и да направите временски план за истражувањето.