Како ќе се реализира курсот?

Курсот ќе се реализира во шест блокови од по 4 часа (2 часа предавања и 2 часa консултации), секоја сабота, во периодот од 11:00 до 15:00 часот.

Една недела пред да започне одржувањето на курсот, ќе се одржи подготвителен или нулта час на кој студентите ќе се запознаат подетално со наставната програма, начинот на изведување на предавањата и консултациите и со очекуваните резултати.

За секој нареден час студентите ќе добијат задача да прочитаат определена литература и да напишат дел од предлогот за истражување, што треба да го достават до координаторите на курсот во определен рок.