Подготовка на скици за магистерски и докторски трудови

Многу студенти, пред да започнат со изработка на магистерската или докторската  теза, се соочуваат со потешкотии како да изберат тема за магистерскиoт или докторскиот труд и како да подготват добар предлог за истражување. Планирањето на едно истражување не е лесен и едноставен процес. За да направите добра скица за магистерски или докторски труд потребно е многу искуство, креативност и специфични познавања на истражувачкиот процес.

Овој курс е наменет за сите студенти кои се на завршна година на постдипломски студии во областа на општествените и хуманистичките науки и кои се подготвуваат за поднесување предлог за изработка на магистерска теза, како и за оние кои имаат намера да пријават тема за докторска дисертација . Курсот можат да го посетуваат и сите оние кои допрва планираат да се занимаваат со истражувачка работа, или кои веќе работат како истражувачи, а би сакале да ги проверат или усовршат своите претходни знаења за планирањето на истражувачкиот процес.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма:


Тема 1

  • Истражувачка стратегија
 

Тема 2

  • Осврт врз литературата
     

Тема 3

  • Употребата на теоријата во истражувањето
 

Тема 4

  • Стратегии на пишување и етички прашања
     

Тема 5

  • Вовед на планот за истражување
 

Тема 6

  • Истражувачки проблем
     

Тема 7

  • Истражувачки прашања и хипотези
 

Тема 8

  • Методи за собирање и анализа на податоци кај квантитативно истражување
     

Тема 9

  • Методи за собирање и анализа на податоци кај квалитативно истражување
 

Тема 10

  • Методи за собирање и анализа на податоци кај истражување со мешани методи
 
 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс, е претходно да сте посетувале настава по основи на методологијата на истражувачката работа или да имате стекнато искуство во практична истражувачка работа.

 
 

Често поставувани прашања