Подготовка на скици за магистерски и докторски трудови

Многу студенти, пред да започнат со изработка на магистерската или докторската  теза, се соочуваат со потешкотии како да изберат тема за магистерскиoт или докторскиот труд и како да подготват добар предлог за истражување. Планирањето на едно истражување не е лесен и едноставен процес. За да направите добра скица за магистерски или докторски труд потребно е многу искуство, креативност и специфични познавања на истражувачкиот процес.

Овој курс е наменет за сите студенти кои се на завршна година на постдипломски студии во областа на општествените и хуманистичките науки и кои се подготвуваат за поднесување предлог за изработка на магистерска теза, како и за оние кои имаат намера да пријават тема за докторска дисертација . Курсот можат да го посетуваат и сите оние кои допрва планираат да се занимаваат со истражувачка работа, или кои веќе работат како истражувачи, а би сакале да ги проверат или усовршат своите претходни знаења за планирањето на истражувачкиот процес.


 


 
 
              
Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма:


Тема 1

  • Истражувачка стратегија
 

Тема 2

  • Осврт врз литературата
     

Тема 3

  • Употребата на теоријата во истражувањето
 

Тема 4

  • Стратегии на пишување и етички прашања
     

Тема 5

  • Вовед на планот за истражување
 

Тема 6

  • Истражувачки проблем
     

Тема 7

  • Истражувачки прашања и хипотези
 

Тема 8

  • Методи за собирање и анализа на податоци кај квантитативно истражување
     

Тема 9

  • Методи за собирање и анализа на податоци кај квалитативно истражување
 

Тема 10

  • Методи за собирање и анализа на податоци кај истражување со мешани методи
 
 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс, е претходно да сте посетувале настава по основи на методологијата на истражувачката работа или да имате стекнато искуство во практична истражувачка работа.

 
 

Често поставувани прашања

Цена на обуката:
12.000 денари за обука која се следи од училница

Пријавувањето е во тек!

Нудиме можност за:
15% попуст за двајца или повеќе лица од иста институција;
10% попуст за плаќање во готово;
Плаќање на 2 рати.

Запишувањето или резервацијата на место за курсот се врши со пополнување на електронската пријава или на контакт телефон 02 3090 004

Запишувањето или резервацијата на место за курсот се смета за валидно, откако ќе се пополни електронската пријава и се уплати вкупниот износ или првата рата од износот на жиро сметка: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста 210- 0638139101-88, НЛБ Тутунска банка со цел на дознака Курс за...

Контакт лице: Лејла Шабан, раководител на центарот за обука и професионална надградба „Кариера“
Телефон 02 3090 004
Е-маил: lsaban@vs.edu.mk; kursevi@vs.edu.mk