За курсевите

Со цел да се одговори на новите трендови, предизвиците на брзите општествени промени, а со самото тоа и подигнување на стандардите во медиумската и корпоративна индустрија, Високата школа организира специјализирани курсеви за личен и професионален развој.

Курсевите се организирани во модули од 5 или 6 неделни предавања кои се реализираат во попладневни термини, во мали групи.

По завршувањето на курсот, учесниците добиваат сертификати или се стекнуваат со одреден број кредити по ЕКТС во зависност од тежината на курсевите.

Високата школа организира и курсеви за вработени во медиуми, компании и јавни институции, модифицирани според потребите на клиентот.

 

  • Курсеви што се реализираат во училници

За сите оние кои сакаат директна комуникација со предавачот, интерактивно учество во предавањата, изработката на вежбите, работа во група, запознавање на нови луѓе, Високата школа организира курсеви кои можат да се следат во нејзините простории.

Предавањата се организираат во модерно уредени училници опремени со компјутери, интернет, ЛЦД проектор и библиотека со богата стручна литература.

 

 

  • Онлајн курсеви

Доколку недостигот на време поради работни или семејни обврски, неможноста да посетувате настава бидејќи треба да патувате, Високата школа ви нуди можност за следење на онлајн курсеви. Низ специјализираната платформа за учење од далечина WizIQ, учесниците можат во одреден ден, час во неделата да се вклучат и да ги следат во живо предавањата, со гласовна и визуелна интеракција.

Доколку учесникот го пропушти терминот за предавање, наставата може да ја следи подоцна, бидејќи истата претходно е снимена.