Ресурси

КУРСЕВИ ВО УЧИЛНИЦА

Високата школа располага со модерно опремени простории за групи до 20 лица, со компјутери и 24 часовна интернет конекција.

 

Училниците ја содржат целатa потребна опрема за следење на курсевите: видеопроектор, аудиовизуелна опрема, печатари и скенери, тв и видеоуреди. Радиостудиото е опремено со: професионална миксета за емитување-AEV Excalibur; студиски микрофони-Electrovoice; компјутерска монтажа и подвижни системи за снимање за работа на терен. Телевизиското студио е опремено со ДВ камери-JVC, GS-DV500 со триподи и светло; студиски светла; системи за дигитална монтажа; професионален систем за линиска монтажа.

 
ucilnica1   radio-mikseta   radio-studio   kameri
 

Библиотеката располага со богат библиотечен фонд од над 1.000 наслови од различни области, вклучувајќи новинарство, комуникации, политика и историја. Освен тоа, библиотеката располага и со изданија на Високата школа, реализирани во рамки на едицијата „Ex Libris“ и „ResPublic“ во кои спаѓаат повеќе книги од домашни автори и превод на странска литература, односно учебници, резултати од истражувања, зборници, извештаи од конференции и симпозиуми, периодични публикации, ЦД, видео и тонски записи, како и други облици на издаваштво. Истите служат како учебни помагала во наставниот процес, но се наменети и за сите медиумски работници и професионалци за комуникации.

 

 

ОН-ЛАЈН КУРСЕВИ

WizIQ1Високата школа располага со он-лајн платформа за следење на наставата која се одржува во училниците. Предавањата можат да се следат од кое било место, во кое било време, во претходно закажани он-лајн термини, снимени видео предавања и лесно достапни материјали за учење.

 

 

 
 
WizIQ2Покрај Powerpoint, Word, Excel и PDF презентациите кои ви се достапни после секое предавање, наставата може да ја следите и преку снимени видео материјали на социјалните мрежи.
 
 

Платформата преку која се одржуваат он-лајн курсевите е лесно достапна, без никаква потреба да доплаќате или купувате скапа опрема. Потребните алатки за да ги следите он-лајн курсевите се:

  1. Стабилна интренет конекција
  2. Последната верзија на Adobe Flash Player (може да ја симнете ТУКА)
  3. Слушалки со микрофон