Курс по фотографија

Вие имате добро око и гледате добри слики, но тие едноставно не се регистрираат на вашиот фотоапарат. Една добра фотографија може да предизвика емоции поголеми од илјада зборови, но како до вистинска фотографија?

 

Овој курс ќе ви овозможи да ги научите основните елементи и техники во фотографијата, но и ќе ја поттикне вашата креативност и ќе ја реши дилемата како идејата да ја пресликате на фотографија. Курсот е наменет за учесници почетници со и без искуство за фотографија.

Програмата предвидува знаења и вежби за совладување на основните елементи на фотографијата од технички и креативен аспект и ќе ви помогне до го видите светот од една поинаква перспектива. Ќе научите како правилно да го користите фотоапаратот, да „играте“ со светлото, боите, композицијата, како да изработите портрет, фичер, фотографија од патувања и како да работите со Photoshop.

Раскажете ја вашата приказна низ фотографија! Пренесете ја пораката низ слика! 


 

 
 
 
              

 

Курсот е достапен:
on-line   video  

 

Програма на курсот:


 

Тема  1:

Дигитална фотографија
Разбирање на важноста на експозицијата и на блендата;
Разбирање и користење на фотографска терминологија;
Правилна примена на фотографска композиција;
Технички вештини за подобра фотографија;
Креативност во фотографијата;
Евиденција, архивирање и правилна презентација на своите фотографии;

  

Тема 2:

Светло, ноќ и експозиција
Фотографирање со примена на различни технички вештини;
Разбирање и интерпретирање на  фотографски тема;
Одредување на вообичаени грешки и како да ги поправите во вашите фотографии;
Фотографирање под различни светлосни услови, вклучувајќи и ноќна фотографија;
Истражување на фотографии и анализи на уникатен пристап кон фотографијата;

     

Тема 3:

Портрет фотографија
Правилно користење на различни типови на леќи;
Разбирање и примена на правилото на третината;
Правилно и креативно користење на блицот;
Сечење (кропирање) на фотографии;
Анализа на портрет фотографии од техничка и креативна перспектива;
Правилно осветлување во портрет фотографијата;

 

Тема 4:

Feature и travel фотографија
Разбирање и креирање на feature фотографија;
Истражување и анализа на примери на документарна фотографија;
Travel фотографија;

 

 

 

 

 

     

Тема 5:

Основната употреба на Photoshop и уредување;
Разбирање како да се уреди фото приказна;
Основно едитирање во Фотошоп;

   

 

Услов за следење на курсот:

Услов за да можете да го следите овој курс е да имате опрема за фотографирање.

Често поставувани прашања

Цена на обуката:
9.000 денари за обука која се следи од училница

 

Пријавувањето е во тек!

Нудиме можност за:
15% попуст за двајца или повеќе лица од иста институција;
10% попуст за плаќање во готово;
Плаќање на 2 рати.

Запишувањето или резервацијата на место за курсот се врши со пополнување на електронската пријава или на контакт телефон 02 3090 004

Запишувањето или резервацијата на место за курсот се смета за валидно, откако ќе се пополни електронската пријава и се уплати вкупниот износ или првата рата од износот на жиро сметка: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста 210- 0638139101-88, НЛБ Тутунска банка со цел на дознака Курс за...

Контакт лице: Лејла Шабан, раководител на центарот за обука и професионална надградба „Кариера“
Телефон 02 3090 004
Е-маил: lsaban@vs.edu.mk; kursevi@vs.edu.mk