LOGO - Лого

    mon g11 4

 

         
MCE-logo    
 
         
 
 
 
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР СРЕДНОШКОЛСКИ МЕДИУМСКИ ПРОИЗВОД

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

 

 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, поддржана од Министерството за образование и наука на РМ го објавуваат конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Средношколците може да аплицираат на конкурсот со текст, фотоприказна или едноминутнo видео на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“.

Медиумскиот производ треба да предложи идеја или да даде пример како средношколците можат да се вклучат во локалната заедница преку различни волонтерски активности во и надвор од училиштето. Материјалот треба да покаже како средношколците можат да им помогнат на ранливите групи во општеството, да ја заштитат животната средина, да го зачуваат културното наследство, да ги почитуваат културните различности, да волонтираат или да се активираат во различни области.

Изработка

Есејот треба да претставува оригинален текст во кој ќе се препознае ставот и критичкото размислување на авторот, начинот на кој ја разработува темата и стилот на изразување. Есејот треба да има наслов, да е долг од 30 до 40 редови и да е напишан со фонт Times New Roman, 12 со македонска поддршка. Текстот може да се напише на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Македонија.

Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии, кои ќе бидат објаснети со легенда (кус текст што ќе го објасни нејзиното значење и тоа што сакате да прикажете преку неа). Текстот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Македонија.

Видеото треба да се објасни со текст од еден параграф, што ќе го објасни неговото значење и тоа што сакате да прикажете преку него. Видеото треба да трае една минута. Ако се употребува музика во правењето на видеото, треба да се провери дали може да се користи (може да се користи музика која не е заштитена со авторски права). Ако во видеото има дијалози или друга говорна комуникација, тие може да бидат на кој било од јазиците што се употребуваат во Македонија.

Учесниците можат да конкурираат со повеќе исти или различни медиумски производи (видео, фотоприказна или текст).

Учесниците може да ги изработуваат производите во група со други соученици или пријатели, но ако производот биде награден, наградата ќе се
додели на авторот или носителот на иницијативата.

На конкурсот може да учествуваат и училишта и ако производот биде награден, наградата ќе се додели на училиштето.

На www.medium.edu.mk може да се најдат корисни информации како да се напише текст, како да се изработи фотографија / фотоприказна или да се снима и монтира видео клип.


Награди

•    10 стипендии (5 целосни стипендии за студирање новинарство, и 5 целосни стипендии за студирање корпоративни комуникации и односи со јавноста):  Стипендиите ги доделуваат АЛФА ТВ,Радио Канал 77, Радио Club FM, „Нова Македонија“, Конзорциумот Медиа Принт Македонија (Дневник, Вест, Утрински весник, Теа Модерна, Македонски спорт)  и агенциите за маркетинг и комуникации „McCann Erickson“ и „APRA Poter Novelli“. Наградените матуранти ќе добијат стипендии за трите години студирање и ќе потпишат договор врз основа на којшто медиумот/агенцијата им овозможува професионален ангажман по завршувањето на студиите во времетраење од една година.

•    1 лап топ, 1 камера и 1 фотоапарат: Средношколците од прва до трета година и матурантите кои не сакаат да аплицират за стипендија ќе имаат можност да освојат награда лап топ, камера или фотоапарат.  Исто така доколку производот е изработен од група средношколци или во рамки на проектна активност на училиштето, тогаш наградата лап топ, камера или фотоапарат се доделува на групата односно на училиштето.


Пријавување

На конкурсот може да се пријават сите средношколци од средните училишта во Македонија со еден или повеќе медиумски производи. Кандидатите треба да пополнат ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 21-ви април 2013.


Избор и промоција

Најдобрите идеи ќе ги избере комисија составена од предавачи на Високата школа, претставници на медиумите и компаниите поддржувачи на конкурсот. Медиумските производи ќе се објават на интернет страниците www.vs.edu.mk и www.medium.edu.mk и во повеќе национални и локални медиуми. Високата школа и Министерството за образование и наука на РМ ќе ги промовираат добитниците на стипендии на посебен настан што ќе го организира заедно со медиумите и компаниите кои го обезбедија наградниот фонд.


Контакт

Дејан Андонов,This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it." target="_blank"> This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , 02 30 90 004