Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ на РМ бр. 35/2008), Наставничкиот совет на Високата школа за новинарство и за односи со јавностa, на ден 15.4.2013 објавува:
К О Н К У Р С
за запишување студенти на прв циклус студии
во академската 2013/2014 година
I. Број на студенти:
Во прва година на додипломските студии во академската 2013/2014 година, на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе се запишат вкупно 50 студенти на двете насоки:
1. Новинарство – 20 студенти, од кои 15 редовни и 5 вонредни
2. Корпоративни комуникации и односи со јавноста – 30 студенти, од кои 25 редовни и 5 вонредни.
II. Услови за запишување:
1. Право на запишување имаат кандидати со завршено средно образование и положено државна матура или меѓународна матура, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование и наука на РМ;
2. Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите;
3. Кандидатите треба да ги достават документите најдоцна до 13.9.2013;
III. Потребни документи:
1. Свидетелства од четирите години завршено средно образование (оригинални примероци или копии заверени на нотар);
2. Диплома за положен матурски испит (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
3. Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
4. Фотокопија од извод од матична книга на родените;
5. Лична карта или пасош на увид.
IV. Документите да се достават на адреса:
Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје
Повеќе информации на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и на 02 / 30 90 004