|
Петок, 11 Јуни 2010 00:00 |
|
Медиуми, агенции за односи со јавноста, компании и општини се организациите во кои студентите на Високата школа стажираат за време на летниот распуст.
Праксата им овозможува на студентите да ги применат научените знаења и вештини во реални ситуации заедно со професионалци, да ги доусовршат нивните способности и да стекнат вредно искуство.
Практичната работа ја води Центарот за професионално насочување на Високата школа, кој ги следи интересите и развојот на студентите.
Практично насочената наставната програма веќе ги усоврши студентите по новинарство во пишувањето текстови и изработката на радио прилози, а студентите по односи со јавноста досега изработија повеќе комуникациски стратегии.
Стажирањето следува откако завршија предавањата во изминатиот семестар и јануарската испитна сесија. Поголемиот дел од студентите успешно ги положија предметите.
Академската година почнува на 15 септември.
|