| Доделени наградите на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ |
| Петок, 08 Мај 2009 14:00 |
|
На изложбата се прикажаа фотографии, постери, телевизиски спотови и телевизиски прилози што ги работеа матуранти од средни училишта во државата на теми поврзани со Европската унија. Дванаесет матуранти кои предложија најдобри идеи и покажаа посебна ангажираност во изработката на медиумските производи освоија стипендии за студирање на Високата школа на академската 2009/2010 година. Наградените се рангирани на прво, второ и трето место во категориите: фотографија, постер, телевизиски прилог и телевизиски спот. Високата школа додели и признанија на учесниците кои покажаа посебна креативност, умешност и талент во изработката на медиумските производи. Добитници на признанија (повеќе) На Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се пријавија 40 матуранти од целата држава. Тие аплицираа со идеи за изработка на ТВ прилог, ТВ спот, постер или фотографија на една од следниве теми:
Најдобрите идеи ги избра комисија составена од претставници од медиумите и од сферата на односите со јавноста, и тоа: Александар Чомовски, уредник во Телевизија А2, Maja Златанова, фотограф во „Дневник“, Ивица Спасовски, креативен директор во „МcCan Ericson“, Наташа Дучевска, претставник од Мисијата на ЕУ и Тони Васиќ, предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Избраните учесници поминаа низ обука од предавачи на Високата школа и медиумски професионалци со цел полесно да ги реализираат нивните идеи, а медиумските производи ги изработија со професионален тим и опрема на Високата школа. Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше Конкурсот за најдобар матурски проект „Изрази се преку медиумите“ со поддршка на Мисијата на Европската унија во Република Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Телевизија А2 и весникот „Дневник“. |
