| Студиска програма по корпоративни комуникации и односи со јавноста |
|
Високата школа е прва високообразовна институција која нуди посебна наставна програма за корпоративни комуникации и односи со јавноста. Користејќи го искуството на нашите партнери од Холандија, креиравме програма чиј акцент е ставен врз стекнување комуникациски вештини и знаења за бизнисот и корпоративните комуникации. Целта ни е да создадеме професионалци за односи со јавноста, кои својата професија ќе ја гледаат како можност на вистински начин и со вистински алатки да ја кажат вистината, да го подобрат имиџот на својата институција и да ја бранат транспарентноста како основен пристап во пренесувањето на своите пораки кон јавноста. |
