Payday loans
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Четврток, 10 Мај 2012 12:16
Десетте најдобри медиумски производи на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се наградени со стипендии за студирање на Високата школа. Изминатиот месец и половина, на конкурсот пристигнаа 167 производи од средношколци од цела Македонија.

 

Освен десетте матуранти, средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и уште тројца средношколци добија награди камера, лаптоп и два фотоапарати.

Наградени стипендисти за академската 2012/13 се:


Новинарство

1. Ѓорѓе Камов - стипендист на Алфа ТВ
2. Емилија Петреска - стипендист на Алфа ТВ
3. Фламур Ебиби - стипендист на АЛСАТ - М ТВ
4. Елена Данова - стипендист на АЛСАТ - М ТВ
5. Новица Коцев - стипендист на Радио Канал 77

Корпоративни комуникации и односи со јавноста


1. Ана Марија Наќева - стипендист на агенцијата „Генесис Комуникации“
2. Сара Таушанова - стипендист на агенцијата „McCann Erickson“
3. Сара Ферро - стипендист на агенцијата „PWorld“
4. Марио Додовски - стипендист на Високата школа
5. Драгана Папарова - стипендист на Високата школа

На конкурсот се наградени и:

1. СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија (прво место - камера)
2. Александар Митревски (второ место - лаптоп)
3. Пепита Парцанска (трето место - фотоапарат)
4. Стефан Неделков (трето место - фотоапарат)

Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се презентираше во 50-тина средни училишта во 32 градови и преку повеќе национални и локални медиуми. Проектот на тема „Заедно за училишта без насилство“ ги стимулираше средношколците јавно да ги искажат своите гледишта за надминување на насилството преку изработка на текстови, фотографии и видео клипови.

Проектот се реализираше во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Министерството за образование и наука.

 

Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.