LOGO - Лого

 

Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ на РМ бр. 35/2008), Наставничкиот совет на Високата школа за новинарство и за односи со јавностa, на ден 15.4.2013 објавува:


К О Н К У Р С

за запишување студенти на втор циклус студии
во академската 2013/2014 година


I.  Број на студенти:

На вториот циклус студии во академската 2013/2014 година на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, ќе се запишат вкупно 20 студенти на двете студиски програми:

1. Менаџирање на медиуми и мултимедија – 5 студенти
2. Менаџирање на стратегиски комуникации – 15 студенти

II.  Услови за запишување:

1.    Право на запишување имаат кандидати со завршено додипломски студии и стекнати најмалку 180 кредити, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование и наука на РМ;
2.    Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите;
3.    Кандидатите треба да ги достават документите најдоцна до 13.9.2013;

III.  Потребни документи:

1.    Уверение или диплома за завршено високо образование (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
2.    Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
3.    Фотокопија од извод од матична книга на родените;
4.    Лична карта или пасош на увид.

IV.  Поддршка од УНЕСКО:

Високата школа ги организира специјалистичките студии како дел од активностите на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање со цел да се едуцираат специјалисти во областа на медиумите, новинарството и комуникациите кои ќе придонесат кон зајакнување на општествената кохезија, заемното разбирање и интеркултурната комуникација меѓу различните културни групи.

V.  Документите да се достават на адреса:

Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје

Повеќе информации на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и на 02 / 30 90 004